ГЕРМАНЦИ ЌЕ ГРАДАТ ФАБРИКА ВО ЗОНАТА АЛИНЦИ

Мизо најави уште една инвестиција

Akuplast po stapkite na Genterm vo TIRZ AlinciГерманската групација Акумпласт потпиша договор за закуп на земјиште во индустриската зона Алинци, да гради фабрика за автомобилски делови за Мерцедес и БМВ”.

Ова го соопшти Виктор Мизо, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски и развојни зони. Тој најави уште една странска инвестиција за Прилеп, која ќе биде обелоденета деновиве.

Претставници на Акумпласт во почетокот на годинава најавија вложувања во Прилеп. Првин беа со намера да прават браунфилд инвестиција со најмување на објекти во кои ќе инсталираат технологија за да стартуваат со производство со 250 работници.

– Компанијата е од автомобилскиот сектор, со фабрики и погони во Германија, Англија, Чешка. Одлучија да вложуваат и во Македонија по неколку анализи, според бизнис климата и условите кои ги нуди Владата. Станува збор за високо-технолошки процес, за кој е потребна високо-образовна работна сила. Прилеп располага со квалитетни работници. Компанијата веќе е регистрирана во Македонија под името Инџекшн модлинг Прилеп – изјави министерот за странски инвестиции Бил Павлевски.

– И индиректно е значајна поврзаноста со локалните фирми за отварање на нови работни места во економијата во градов, покрај директните вработувања – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Американската компанија Гентерм интензивно гради објекти во зоната Алинци, за каде веќе ангажира 350 работници и неколку стотина испрати на обука. Локалните власти најавија дека Американците во халите од 6.500 метри квадратни ќе ангажираат 2.000 работници да произведуваат делови за автомобили. Американците од компанијата Дупонд најавија градба на рафинерија за етанол за неколку илјади работници. Италијанската компанија за расветни тела “Буци и Буци” веќе ангажира неколку десетици работници во најмен објект.

Тутунскиот комбинат и интернационалната компанија Филип Морис веќе една година го имплементираат договорот за стратегиско, со што тутунскиот комбинат ќе се избрише од списокот на загубарите.

Паралелно, во зоната Прилеп 1, домашни инвеститори градат шест-седум фабрики на дел од продадените 20 парцели. Се очекува финализација на документацијата на останатите бизнисмени. Локалната самоуправа објави оглас за продажба уште на пет парцели за работилници и сервисни дејности во зоната Прилеп 2, Сточно пазариште. Деновиве е електронската аукција на земјиштето, чија почетна цена е едно евро на метар квадратен.

Loading