ЖИВОСТА НА КАМЕНОТ ЗА ТОПЛИНА И ДЕКОРАЦИЈА

Металотехника

Kamen kilim so dezeni za eksterieri i enterieriМеталотехника како фамилијарна фирма на Здравески во 27-годишниот бизнис маратон, “вкусила” неколку дејности, помалку или повеќе успешни. Пркосејќи му на времето и капиталот, “приморани” да се надградуваат, подмладена во кадрите водени од браќата Здравески јуниори, се насочиле кон природните еко ресурси од неметали, особено кон каменот и сé од него. Ги искористиле неограничените дарови на природата за секаков вид преработка и намена, со кои располага Прилеп, за развој на нов, производствен проект Топ-Јоб. Каменот е “главната личност” во нивниот бизнис „Прилеп салон за камен и сé од камен”. Дека не е само студен и тежок, туку има живот, топлина и декорација, покажуваат со производството на камен фурнир-печат од природата, камена тапета – флексибилен камен, камен килим за екстериери и ентериери и нано термо течна изолација од камен.

– Не измисливме “топла вода”. Прилеп отсекогаш располагал со вакви материјали, оти се дар од природата. Само откривме технологии за користење на убавината на каменот за уредување на домот – кажува Јандре Здравески.

Svetlecka-luminiracka kamena tapeta - za razubavuvanje na   temninataПривлекуваат внимание ширум светот, што постојано на врата им тропаат странски партнери, заинтересирани за прилепскиот камен. Дрвото сé повеќе се истиснуваат од употреба, ставајќи го каменот во предимство поради долговечноста. Создаваат фурнири, тапети, дури и килими и за двор и за соби, креирајќи дом како од бајките. Дополнителен атрактивен впечаток се светкавите камчиња.

Камен фурнирот е за декорација на фасади. Тој е уникатен, еколошки, лесен и флексибилен производ за обложување на сите видови форми со неповторлив дезен.

– Производите од камен се неповторливи, оти природата никогаш не создава “производ” втор пат – додава Здравески.     

Измислиле и камени тапети за декорација во хортикултурата. Флексибилноста овозможува поставување на фасади, внатрешна декорација, подови и сл. Плус ефект е широкиот спектар на бои и релјефни површини. Исклучителна и ексклузивна е светлечката-луминирачка камена тапета, оти ја разубавува темнината.

– Тапетата ја прима светлината преку денот, а ноќе ја емитува. Темнината не е мрачна и на инвеститорите им овозможува фантазија за уредување на четирите ѕидови. Лесно и евтино се одржува, а има и долг рок на траење – додава Здравески.

Со отворени раце ги прифаќаат смелите за иновации.  Несекојдневна креација е камениот килимот – еднобоен и во дезени. Не е само за затворени простори, туку може да се постави и под отворено небо, во дворови, на тераси, базени, оти е водоотпорен и цврсто се прилепува за подлогите. Декоративен е и монолитен, па и терапевтски, оти врши масажа на стапалата кога се гази бос.

– Навиките се менуваат тешко. Го поднесуваме товарот со поддршка на корисници со широки погледи за промени. За романтичарите располагаме со  камен тепих ѕвездено небо, изработен со лумино камче кој преку ноќта на подот го отсликува ѕвезденото небо – вели Здравески.

Каменот покрај градежен или декоративен материјал, е ефикасен и за течна термо изолација. Овој иновативен производ штеди енергија, топлина во домовите и придонесува за чиста околина.

– Изработен е од камени микронски зрна – микросфери, кои кога ќе се слепат со посебни сврзни средства, се добива течна термо изолација. Предноста е што е 100 отсто еколошки и на водена основа енергетски ефикасен. Има долг рок на експлоатација, а инвестицијата се враќа за една грејна сезона – додава Здравески.

Преокупацијата со каменот е мал пример за врската со човекот. Водени од можностите на овој природен материјал, идните амбиции ги насочуваат кон производство и на течен камен, течно стакло и течно дрво. 

Loading