КРЕАЦИИ НА МЕБЕЛ ПО ПОСЛЕДНИОТ МОДЕН ЗДИВ

Петрески дизајн

Nema biznis bez ogromen trud - Saso PetreskiИзработка на кујни, спални и детски соби, комоди, трпезарии, масички и секаков вид корпусен мебел е специјалност на фирмата Петрески дизајн. Сопственикот Сашо Петрески, бизнисот го наследил од татко си. Му помагал, се “врткал” низ работилницата, а татко му го земал и за на монтажа. Гледајќи и учејќи, менувајќи и неколку други професии, го послушал сопствениот порив. Од столарија дејноста ја продолжил со производство на мебел. Почнал сам, па ангажирал уште еден. Зголемиот обем налагал потреба за повеќе раце, па со владиниот грант вработил уште тројца.

– Ме влечеше мебелот. Татко ми цело време го гледав како му се лепеше дрвото и како на штиците им се дава душа и се вајаат прозорци, врати… Нужен е многу труд и трчање за бизнис. Организација на вработените… – кажува Петрески.

Располагајќи со машини, од кроење, кантирање, стругање на медијапани, до шприцање боја, кога комплетно се завршува “делото”, на муштериите им овозможуваат целосна услуга од едно место. Олеснувања има и со сопствениот превоз за монтажа. Мебелот се создава од различни материјали – ивер плочи, сјаен, пластифициран или фурниран медијапан, сé што е од плочести материјали. Привлекува врвниот квалитет на спектарот мебел, а со пристапната цена уште повеќе ги анимираат потрошувачите. Во широката палета се најдуваат и поевтини и поскапи модели, достапни за секого. Внимаваат и на точното време на изработка. Така нарачката ја стасуваат и пред договорениот датум. Затоа, каде што сработиле, пак ги бараат, дури и  стариот мебел да го претворат во ново “парче” со атрактивен дизјан.

Celosna usluga od edno mesto– Ако се работи квалитетно и коректно, има муштерии. Без лажење, формулата е да се одржи зборот, рокот и квалитетот. Не е работата само да се фати порачка, туку одговори навремено. Затоа досега сме задоволни и сме многу ангажирани и зафатени. Муштериите немаат забелешки – вели Петрески.

Дел од асортиманот оди и надвор од градов и околните села. “Покорен” им е Кавадарци, каде ги направиле и почетоците. Производите на Петрески одлично се “трошат” и во Неготино, Македонски Брод, Велес, дури и во Скопје.

– Со активна работа, успехот е гарантиран. Тешко – лесно, мора да се врви. Маката нé учи и нема откажување. Во тек сме со современите потреби на пазарот и постојано создаваме дизајни според последниот здив на времето. Трендовски. Очекуваме напредок и  ангажирање на нови вработени – додава Петрески.

Во соработка со кавадаречка фирма изработуваат ПВЦ столарија, прозорци и врати, а монтажата е на Петрески. Планираат да се вклучат со сопствено производство. За бизнисот пројавуваат интерес и неговите деца. Ќерката планира да студира дизајн на мебел, а синот, иако е помал, веќе тргнува по стапките на татко си и дедо си, “ѕиркајќи” во работилницата. 

Loading