Прилеп е вицешампион

Ракомет

Mladiska ekipa na PrilepУбав успех на младинската екипа од РК Прилеп со освоено второ место во првенството на Македонија. Учествуваше на фајналфорот во Скопје, во друштво на Пролет, Металург и Вардар. Иако ждрепката за полуфиналето не беше поволна со тоа што за ривал го доби домашниот Металург во салата Автокоманда, прилепските надежи направија подвиг и победија со 24-26. Го заслужија големото финале, каде 40 минути беа рамноправни со фаворитот Вардар, кој на крајот, сепак убедливо победи. Младинците на Вардар се единствените кои го совладаа Прилеп.

Признание за Прилеп е наградата за најкорисен играч (МВП) за десното крило Никола Петрески, додека во идеалната седморка се левото крило Јане Јанески и десниот бек Христијан Спасески. Тренерите Ице Соколоски и Страшо Илиески се горди на составот: Илијоски, Деспотоски, Петрески, Нешкоски, Мисаилески, Трајкоски, Јанески, Стојчески, Илиески, Тинтор, Спасески, Нонески, Кочоски, Аврамоски и Силески.

Сениорскиот е на пауза, а в среда (19ч.) е домаќин на гигантот Вардар.

Loading