Фудбал: Победа
Претстојниот викенд е празен во фудбалските првенства. Тоа е можност за пријателски натпревари која ќе ја користи второлигашот Победа. Закажан е дуел со прволигашот Тиквеш од Кавадарци. Претстои уште еден тест на играчите кај тренерите Јане Николоски и Гордан Здравков. Мечот е најавен за в сабота на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. За Тиквеш настапува прилепчанецот Благоја Спиркоски.
Минатиот викенд од Втората лига, во 3. рунда Македонија ЃП – Победа 3:0. Следниот меч на Победа е дома со Арсими, на 14 септември.
Табела: Македонија ЃП и Брегалница 9, Кожуф 7, Арсими, Башкими и Новаци 6, Скопје 5, Вардар Н. и Детонит 4, Победа 3. Беласица и Вардарски 2. Саса, Осогово и Охрид 1, Борец 0.