Ракомет
Убав успех на младинската екипа од РК Прилеп со освоено второ место во првенството на Македонија. Учествуваше на фајналфорот во Скопје, во друштво на Пролет, Металург и Вардар. Иако ждрепката за полуфиналето не беше поволна со тоа што за ривал го доби домашниот Металург во салата Автокоманда, прилепските надежи направија подвиг и победија со 24-26. Го заслужија големото финале, каде 40 минути беа рамноправни со фаворитот Вардар, кој на крајот, сепак убедливо победи. Младинците на Вардар се единствените кои го совладаа Прилеп.
Признание за Прилеп е наградата за најкорисен играч (МВП) за десното крило Никола Петрески, додека во идеалната седморка се левото крило Јане Јанески и десниот бек Христијан Спасески. Тренерите Ице Соколоски и Страшо Илиески се горди на составот: Илијоски, Деспотоски, Петрески, Нешкоски, Мисаилески, Трајкоски, Јанески, Стојчески, Илиески, Тинтор, Спасески, Нонески, Кочоски, Аврамоски и Силески.
Сениорскиот е на пауза, а в среда (19ч.) е домаќин на гигантот Вардар.
![]()

