КРЕИРАМЕ ПОДОБАР ИНТЕРНЕТ

ОУ Рампо Левката

Internetot e arno koe treba da se kontroliraВо ОУ “Рампо Левката”, за месецот на информатиката, се одржа трибина “Ајде заедно да креираме подобар интернет”, за ученици од 6 и 7 одделенија, вклучувајќи ги и родителите. Наставникот Тања Илијоска имаше едукативна презентација да се влијае на свеста кај учениците за можните опасности од интернетот и да се придонесе за побезбеден интернет. Истовремено и да се подигне степенот на едукација кај родителите за контрола врз младата популација.

На трибината í претходеше анкета меѓу учениците со цел да се види колку време минуваат на интернет (2 до 3 часа најмалку во денот), како го користат и дали родителите имаат контрола над нив. Се спроведе и квиз да се види колку учениците имаат правилни информации и знаење кога користат интернет. 

Loading