АГРОМЕНАЏЕРИ ВО ГРЦИЈА

СОУ Орде Чопела

Iskustva za zemjodelsko pretpriemnistvo od Grcija - Nikola Kostoski i Zlatko JovanoskiНикола Костоски и Златко Јованоски од профилот техничар за агроменаџмент од СОУ “Орде Чопела”, во потрага по искуство и знаење имаа двонеделна земјоделска обука за претприемништво во Грција преку грантот на Националната агенција за европско образование и мобилност. Заедно со претставници уште од четири стручни училишта беа во студенските кампуси на Amerikan farm skul или Peroti skolish кај Солун. Надополнувајќи го класичното образование со престој во странство, обуки и практична настава, на учениците им се забрза самоевалуцијата, самоиницијативата и претприемачкиот дух, пристапувајќи до можности за идно вработување и кариера.

– Го свртуваме фокусот на деветолетките кон стручните училишта, кои се двигатели на земјоделското производство. Тоа е императив за развој на државава. Паралелно се мотивира враќањето на  интересот кон стручното образование, а со тоа и полесно вработување – вели менторот Ружица Јагуриноска. 

Предавањата на англиски ги спроведувале професори од Грција и Америка. Дел од престојот бил со практична настава во живинарска фарма, а викендите ги користеле за прошетки низ градот.

– Во живинарската фарма научивме како функционира и како се одржува како профитабилна фирма. Искуството ќе помогне при вработување или основање на фирма – вели Никола Костоски.

Тој и Златко Јованоски имале привилегија да ја следат обуката, оти имале солиден успех и одлично познавање на англиски јазик.

– Научивме многу работи на фармата што ги нема кај нас. Би им препорачал и на другите да аплицираат – додава Јованоски.

За успешно завршената обука добија сертифати кои ќе им помогнат при запишување на факулет. 

Loading