САНКАЊЕ И КНИГИ

Како минува зимскиот распуст

Зимскиот распуст пробудува куп доживувања, зашто, иако е студено “белиот предизвик” измамува зацрвенети обравчиња, насмеани лица, лизгање, тепање со снежни топки, создавање на снешко… Пред првиот час во второто полугодие се разменуваат впечатоци со другарчињата.

1.    Sakam zima da e cela godina -  Antonio Boskoski (desno)– Сакам да е зима цела година – вели првоодделенецот Антонио Бошкоски, од ОУ “Кочо Рацин”.

 

Најголемото задоволство што му се случило е што вешто крстарел по замрзнатите улици низ добропознатото маало. Добро “наоружан” со топли ракавици, шал, капа и секако санка. 

 

2. Igrana sneg - Borjana Koneska– Се санкаме со сестра ми и другарчињата по цел ден. Од време на време, бабите ќе не соберат да се потстоплиме, ама пак сме на улица по кусо греење. Направив 100 снежни топки и сите сам ги изброив. Распустов ќе го памтам најмногу по снегот и санкањето. Сакам во второто полугодие да наврне уште повеќе снег и во дворот на училиштето да направиме најголем снешко – додава првачето.

 

Деветтоодделенката Борјана Конеска од ОУ “Гоце Делчев” чита книги, за распустот седи и пред компјутер во друштво со другарки.

 

3.   ,,Golemiot,, skijac - Hristijan Trpkoski– Ги посетив баба ми и дедо ми и други роднини во Кавадарци. Бидејќи сите ми се петки  во дневникот, времето ми врви без грижи. Ја прочитав лектирата Автобиографија од Глигор Прличев. И Арамиско гнездо како слободна литература. Ги разгледав учебниците, оти ме интересира што ќе учиме понатаму. Мислам дека со следниот материјал добро ќе поминам… На компјутерот за распустов се посветив да изработам проект за моето поколение, истражувам кои биле моите претци, собирам информации и од роднини. И снегот го искористив максимално. Шетав со кучето и со другарките игравме разни снежни игри, се санкавме, правевме снешко… – раскажува Конеска.

 

Радост донесе првиот снег и кај второодделенецот Христијан Трпкоски од  ОУ “Блаже Конески”.

 

4.      Snezna idila - Stefanija Gorgjioska od OU 'Dobre Jovanoski'5.     Dedo Mraz go ,,zgrapcil,, Stefan Dulevski– Беше ладно, но со другарите ни беше топло, оти се облековме и “лудуваме” низ белината, се санкавме и создадовме Снешко со сите нишани. Неколкупати бев кај моите баби, а еден ден заедно со семејството бевме во Крушево. Се обидов и да скијам, малку научив, а за другиот зимски распуст ќе научам сосема. Бидејќи учителката рече да вежбаме читање, секој ден читав по малку – вели Тркоски.

 

Чита лектири, како книгата Црни овци, Стефанија Ѓорѓиоска,  деветтоодделенка во ОУ “Добре Јованоски”.

 

– Повторувам од првото полугодие по нешто, како биологија и македонски… Бев неколку дена и на поседок кај баба ми. Другарувам и со другарчињата, се санкаме на снегот, а до крајот на распустот планираме да одиме на скијање во Попова Шапка, зашто тоа е вистински распуст. Се рзабира во паузите од забавата се читаат книги. Инаку, убаво минаа празниците – вели Ѓорѓиоска.

 

 Зимскиот распуст најмногу го поминува дома Стефан Дулевски, четвртоодделенец во ОУ “Рампо Левката”.

 

6.    Ispolnet zimski odmor - Ena Jovanoska od OU 'Kire Gavriloski - Jane'– Ги прочитав лектирите Шеќерна приказна и Пинокио. Уживав при спуштањето со санка и лизгањето на Паркот на револуцијата, а најсреќен бев кога го славев именденот. Бев опкружен со другарите, роднините и пријателите. Гледав серии и цртани филмови. Со учењето немам мака, оти брзо го совладувам материјалот – додаде Стефан.

 

Со нетпрение го чекала распустот од постојаното учење, осмоодделенката Ена Јованоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

 

 

– Мераклија сум за скијање, кое е многу лесен спорт, уште од шесто одделение знам да скијам. Бев на организиран зимски одмор во Крушево шест дена со пријателите и со наставникот. Патеките  ми се познати и ги усовршував вештините при спуштањето со скии заедно со пријателите. Еден ден посветив на санкање. Ја подновив домашната библиотека со книгата Карма од Марија Јанеска. Веднаш почнав да ја читам. Со учењето немам проблем. За распустов учам да правам по некое јадење во кујната, оти немам време додека се учи. Зимава станав експерт за палачинки – додава Јованоска.

 

7.      Kef od sneg - Angel Risteski

 

 

 

 

 

 

 

 

На третоодделенецот Ангел Ристески од ОУ “Климент Охридски”  му годи распуст со многу снег.

 

– Им нема крај на игрите на снег со другарчињата. Се тркалавме по снегот, се санкавме, правевме снешко, се “тепавме” со снежни топки… Студот не ме спречува во играта. Од време навреме ќе испиев некоја чаша чај, ќе ја видев едногодишната сестричка и пак фит надвор. Навечер гледам малку цртани филмови и заспивам брзо. Другарував и со книгата. Ја прочитав Доктор Офболи.

 

Интересна беше – ги пренесе своите “зимски спомени” Ристески. 

Loading