ТАТКОВ СОН НИЗ СЛАТКО – БЛАГО

Дизниленд

Motornata sila na Diznilend na celo so sopstvenickata ElenaНема некој кој не го вкусил слаткото задоволство од Дизниленд. Производите од оваа надалеку позната слаткарница се “шлагот” на најубавите семејни прослави, родендени, свадби, свечености и годишнини. Задоволните муштерии и квалитетните слаткарски продукти се приоритет за сопственичката Елена Атанасока која е горда што го живее успешниот бизнисменски сон за кој мечтаел нејзиниот татко. Приказната започнува уште пред 20 години кога татко í Борис по долгогодишната печалбарска работа во Германија, купил по еден дуќан за двете ќерќи со желба еден ден да дочека секоја да води сопствен бизнис. По  неколку години неговата желба се остварува и во еден од дуќаните ќерката Елена на иницијатива  на сопругот Тони отвораат слаткарница. Работата ја започнуваат со пријатели како ортаци. Сé до минатата година, бизнисот го водат заедно со ортаците, кога заеднички донесуваат одлука секој да тргне по свој пат.

Слаткарницата “Дизниленд”, брендот меѓу кондиторските производи во градов, ја задржува својата стара местоположба, во зградата Табана продолжувајќи со квалитетот и традицијата во подготвувањето на највкусните торти и слатки. Покрај сопственичката Елена Атанасовска, која е и раководител на слаткарницата, ангажирани се уште три лица кои се вредни, ведри и насмеани работнички, а од чија професионалност е повеќе од задоволна. Одлуките, вели таа, никогаш не ги донесува сама, го почитува нивното мислење, сугестиите со цел заеднички да придонесат кон успешната приказна која несебично ја градат низ годините наназад во светот на слаткарството.

– Работата се темели врз доверба, одговорност, меѓусебно респеткирање и можноста секој да има шанса за свое мислење пред секое преземање на одредена активност – објаснува сопственичката Атанасоска.

Палетата на производи ја збогатуваат постојано, се трудат да ги задоволат различните желби и потреби на долгогодишните муштерии кон кои чувствуваат посебен респект и одговорност.

– Заедничка заложба е на најдобар начин да одговориме на барањата, а за тоа дека се задоволни консументите од нашата понуда и услуга, потврда е нивната долгогодишна доверба. Од денот ког почнавме па до денес успеавме да ги задржиме муштериите и да освојуваме нови со квалитет и цени на понудата – објаснува Атанасоска.

Имплементиран е Хасап стандардот. Целата технологија на изработка се одвива во специјално обезбедени материјално – технички услови и користење на проверени продукти со декларација.

– Квалитетот на тортите и слатките и во иднина ќе биде наш имеператив. Без помошта на сопругот, кој е и мој најголем поддржувач, нема сé така да изгледа успешно. Тој, на било кој начин, помога и ме поддржува во идеите и заложбите – вели Атанасоска.

Елена Атанасока е горда, оти она што пред 13 години му го ветила на татка си и го исполнила и одржува. Таа докажува дека не бил бадијала неговиот 40 годишен труд во туѓина. Секој ден, месец и година го вложува својот максимум, живеејќи го неговиот сон за успешен бизнис. Ќерката Фросина, која е студент на втора година, доколку има желба, може да го продолжи бизнисот и заедничкиот сон. 

Loading