БОЛИ ГЛАВА И ОД ФАЗЛА ТУТУН

Контраверзи на годинешната тутунска сезона

Дождовите родија до 115 листови од страк или 500 килограми од декар, додуша со понизок квалитет

Големите листови се барат и се фрлаат на нива

Strav od ,,zbesnat,, tutunДодека во прилепско се интензивира бербата на тутунот, задоцента од дождовите и забавена во зреење на родот, сојузот на тутунарите стравува од раздвижување на тутунарите при раниот откуп при крајот на септември. Неколку причини “влеваат страв в коски” на околу 15 илјади тутунарски семејства во прилепско, особено долненско, па и кривогаштанско, демирхисарско, топчанско  крушевско. Според асоцијацијата на тутунарите, во овој регион има над три илјади тони тутун повеќе од евиднетираното во откупните компании. Покрај склучените  договори, тутунарите самоволно насадиле поголеми површини.

– Наша проценка е дека и годинава ќе има над 30 илјади тони тутун, иако компаниите го ограничија откупот со договори за 25 илајди тони. Традицијата и мислата дека некако ќе се провнат и ќе стасаат до вагите, ги охрабри тутунарите да насадат повеќе ниви без гаранција дека некој ќе им го откупи вишокот на родот. Затоа уште отсега стравуваме дека ќе има проблеми при откупот, кој ќе ги каже првите маки со летниот откуп при крајот на септември. Можеби на некои подрачја, како во тополчанско, не ќе биде толку страшно со “фазлата” тутун, бидејќи подудри град и ги намали приносите, но на останите реони, како во долненско, има двојно поголеми површини со тутун во споредба со предвидените за откуп – вели Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунарите.

Уште поголема мака ќе ги снајди тутунарите годинава ако нешто не се промени во количествата и ако откупувачите не ги коригираат договорите во количества нагоре.

– Годинава приносите се екстремно високи, иако квалитетот е низок. Откупувачите планирале едни количества и квалитети, а ќе им се нудат други. Дождовите го набујаа тутунот и предизвикаа двојно поголеми приноси. Има ниви со 115 листови на стебло што е тројно повеќе од лани. Откупувачите маинуплираат со 30 грама од страк сув тутун, а ќе им се понудат двојно повеќе, додуша од пониските класи. Како ќе им се објасни на откупувачите дека е пораснат квантитетот за сметка на квалитетот. Парите можеби ќе бидат исти за тутунарите, но откупувачите допрва треба да анализираат. Во мегувреме тутунарите ги фрлаат првите листови на нивите. Ги берат и ги оставаат в поле. Сметата бадијала е трудот и вложувањето, оти при сушењето ќе оцрнат и нема да вредат ниту 50 денари од килограм – кажува Милески

Откупувачите проектираат по околу 220 килограми од декар плус-минус 10 отсто при машинско садење. Сега родот ќе тежи можеби 350 килограми, па и повеќе. На силните земјишта ќе има род до 500 килограми. Прашање е кој ќе им ги прифати овие натфрлања на природата.

Тутунарите од Лажнаи велат дека тутунот годинава е пораснат речиси до две метри. Има многу листови и големи, неквалитетни. Но, ги има.

Тутунарот Билал Угљанин вели дека ги фгрла првите листови во подножјето на стеблото, но пка се мсногу.

– Не знаеме како ќе се разбереме со откупувачите кои ќе бараат помалку тутун, а дождот го накрена тутунот како плевел. Расте до “вишно небо”. Листови има полно. Обично првата, најквалиотената класа, е околу 14 проценти од вкупниот род, а годинава којзнае дали ќе има до 10 отсто. Врнежите создаваат многу, многу листови, само големи и ефтини. Се чудиме што ќе правиме со вишокот на родот. Згора на тоа, секоја куќа има насадено фазла тутун од договорените површини. Тоа е уште еден проблем плус – вели Угљанин.

Првиот тутунар Данчо Милески веќе иницирал средба во Министерството за земјоделство да се изложат проблемите уште отсега и да се бара чаре порано, за да нема изненадувања со протести и недоразбирања со тутунарите.

Во Тутунскиот комбинат велат дека зелената таксација е единствениот начин на отстранување на ваквите проблеми.

– Откупот се проектира кога ќе се насади тутунот, кога ќе вегетира и ќе се види какви приноси можат да се очекуваат. Така се погрешува нагоре или надолу за 10 отсто. А проектирање на ненасадени ниви може да доведе промашувања или со мали приноси поради суша и невреме или со вишок на тутун, како годинава, поради обилните врнежи – велат од Комбинатот.

Како и да е, тутунската пот, неспиените ноќи, неколкукратното “поклонување” на секој лист, тутунскиот туткал на рацете нужно е реално да се проценат и да се плати вложениот труд и средства и кога има помалку и кога има повеќе тутун. 

Loading