ТАТКОТО СТАКЛАР, А СИНОТ ПВЦ ДОГРАМАЏИЈА

Еуро глас

Majstorlakot prenesen kaj potomcite -Boro GerovНад 44 години на Боро Ѓелев низ раце му “поминува” стакло. Со книгата бил “скаран”, ама занаетот му лежел. Од обичен калфа во некогашен “Кристал“ стигнал до раководител во Сигурносно стакло каде му подарил 32 годишен работен стаж.

– Не ми одеше учењето, па со сила зедов основно. Ама кога сите ќе учат, истовремено работејќи како калфа, завршив вонредно за стаклар во Скопје. Во Сигурносно стакло само уште двајца други беа саглам стаклари со чколија – ја почнува бизнис приказната Боро Ѓелев кој десетина години е “приватник” со фирмата Еуро глас, а последниве години бизнисот го проширил со синот Љупчо во доменот на алуминиумската и ПВЦ столарија.

Со трансформацијата во 2005 година го отпуштиле оти бил “стар”. Но занаетот е златна белезица за одржување на четиричленото семејство. 

– Немаше перспектива, а трудот не беше ценет. Па заминав и отворив стакларска работнилница. Не беше лесно, голем ризик, а излезен од работа. Бев стаклар и секоја година носев по еден тон тутун за да работам во работилницата. Обработувам стакло. Од табли се крои по димензии, па се монтираат на излог, куќа, врати, комоди, регали… Најбарано е термопан, а за синот изработувам за ПВЦ и за алуминиумската дограма. Битно е да се поучат луѓето, оти не знаат – го пренесува Ѓелев искуството.

И синот целосно го совладал занаетот. Го интересирало стаклото, помагајќи му на татко си. Со едногодишна “пракса” во Црна Гора, поработил 3-4 години кај мајсторот Владо Божиноски. Се усовршил за алуминиумска и ПВЦ дограма. Така ја збогатиле понудата.      – Среќен сум што и синот напредува. Се дополнуваме меѓусебно  да излеземе комплетни на пазарот – кажува сениорот Ѓеров.

Тој ни се фали, ниту се жали од досегашниот тек на бизнисот.

Потврда е досегашниот опстанок и прогресот и препознавањето на квалитетот на муштериите.

– Луѓето знаат, дури и надвор, каде се работи квалитетно. Доаѓаат и нé бараат. Не се застанало досега. Дури, што се вели, не се навасува, било за стакло или за ПВЦ дограма. Затоа, години соработуваме со Мермерскиот комбинат, но и со приватни фирми, дуќани, куќи, објекти – раскажува Ѓеров повозрасниот.

За мајсторите за стакло и ПВЦ важи девизата, секој муштерија може да се придобие само со квалитет и навреме изработка. Поклонуваат внимание на односот кон муштеријата. Досега не се засрамиле.

– Занаетот ми е драг, љубов. Ако го сакаш, не треба да го делиш. Сите муштерии се исти, без разлика дали е маж или жена или пак од друга националност. И на полноќ да има некој инцидент, за Нова година да ми се јават, не откажувам. Со доверба и излегување во пресрет во мака се стекнува репутација – ги објаснува Ѓелев марифетите на бизнисот. 

Инаку, располагаат со многу видови стакла, од рамно, проѕирно, матирано, во боја, огледала… Дури “дотеруваат” и авто стакла, за автобуси, камиони, трактори и ги лепат на место.        

Loading