КЛИМАТИЗАЦИЈА И ПОПРАВКА НА ЛАДИЛНИЦИ

Ладење ДОО

–  Перспектива се големите разладни комори и витрини

Sozdavaat prijatna atmosfera od pekolno leto  - Brakata ColakoskiРечиси 30 години постои фирмата на браќата Данчо и Гоце Чолакоски, која се занимава со сервисирање и монтирање на разладни уреди. Паралелно сервисот се занимава и со отстранување на дефекти на машини за перење. Тие се наследници на бизнисот на татко им Миле, кој се пензионирал, откако ги вовел синовите во тајните на занаетот.

Името е асоцијација на дејноста, која младите ја прошириле во доменот на клима уредите. Преокупирани се со вградување на разладни уреди и бела техника, клима уреди, фрижидери, витрини, комори и сл. Сервисираат секакви уреди за разладување, од домашни до индустриски со големи капацитети како за големопродажни магацини, за одржување на стоките кои се расипливи, но и за прехранбените производи кои доаѓаат замрзнати и треба да се чуваат на минус 25 степени.

Браќата Чолакоски велат дека засега добро им оди бизнисот, иако последниве години цените на домашните разладни апарати се паднати, па кога некој ќе стигне за сервис, често се фрлаат и се купуваат нови, оти не вреди поправката.

Во шпицот на летото, кога горештината пече, граѓаните итаат по итно разладување со итна монтажа на климатизери.

– Дури не зажежи нема купување клима уреди. Народот не купува, ако не се препотува една недела. Работиме со марките Аир Макс и со Тошиба. Тоа се поексклузивните компании. Но, инсталираме и други. Во меѓупериодите, како сега, демонтираме и пренесуваме ваму-таму, поради реконструкции на фасади или други потреби. Држиме просек секој година со репарирање и монтажа на уредите за ладење и греење. Продажбата на клими незначително флуктуира на годишно ниво. Инаку, инсталацијата не може да ја процениме точно, зашто има многу елементи кои влијаат на цената. Генерално, монтажата е околу 2000 денари – велат Гоце и Данчо.

Тие укажуваат дека поквалитетните клима уреди се доста поскапи заради квалитетот и изработката.

– Не е исто ако е кинеска или јапонска. Поексклузивните модели се со инвертер кој поефикасно ја користи струјата. Особено е поекономична за греење. Со инвертерот, како расте температурата, така се намалува потрошувачката на струја – велат браќата Чолакоски.

Кажуваат дека фрижидерите се многу ефтини, но воопшто не се квалитетни.

– Има за 150 евра, а порано беа 1000 марки. Квалитетот беше подобар. Сега, ако се расипе електрониката се фрла и се оди по нов во продавница. Елементите се со слаб материјал кој скапува и не се поправа. Фреонот е заменет со бутан, кој создава повеќе притисок и повеќе ги јаде цевките од внатре – објаснуваат Данчо и Гоце.

Двајцата браќа, партнери, монтираат, ремонтираат и сервисираат разладни комори за касапници и за поголемите маркети според ХАСАП системот.

Велат дека кај домашните разладни уреди со сегашнава техника нема многу перспектива во бизнисот. Единствено има иднина со поголемите ладилници и комори. 

Loading