Во СОУ “Ѓорче Петров” веќе третпат во печатена и електронска форма излегува списанието “Гласник” уредувано од професорката Оливера Димитријоска со учениците Благојче Дишоски и Фросина Јованоска. Почнале и продолжуваат со голем ентузијазам, а од трудот на десетината новинарите – ученици излегуваат текстови кои ги тангираат и вработените и средношколците. Најодговорни за весникот со содржини за активности во училиштето, ученичките ставови, интервјуата, медицината, хуморот и други теми, се новинарско – говорничката секција. Најчитани се написите за натпреварот во одбојка, интересни факти за мозокот, зашто се слави Осми Март, интервју со стручниот наставник Мирјана Груевска и Прочка 2014.
Од уредништвото ги покануваат сите ученици, кои имаат што да кажат, да истакнат нешто позитивно или негативно, преку текст или фотографија да дадат придонес за збогатување на списанието.