ОД ТЕОРИЈА НА ПРАКСА

Во второто полугодие, 11 ученици од струката машински техничар од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” ја посетуваат фабриката 11 Октомври – Еурокомпозит за изведување на практичната настава.

Професорката Гордана Иваноска вели дека барале фирма со ЦНЦ машина, и раководството на Еурокомпозит им излегло во пресрет. Учениците од четврта година изведуваат практична настава по еден ден во неделата. Првото полугодие го минале со теоретска настава да се потковаат за индустриското искуство. На компјутер симулирале со ЦНЦ машина, но не од индустриска големина.

– Прво се запознаа со ХТЗ опремата и кодексот на однесување во фабриката. Потоа со деловите на ЦНЦ машината која служи за изработка на тродимензионални делови. По тројца ученици, ја подготвуваат машината, земаат соодветен алат од магацинот, го ставаат на машината и го калибрираат. Учат и како да се внесе програмата за изработка, дали преку компјутер или директно на машината. На крајот ја мерат точноста со шублер и дозволената толеранција на делот.  Понатаму се надеваме дека од фабриката ќе ни дозволат сами да управуваме со машината од вклучувањето до крајниот производ  – вели Иваноска.

Иако машината не е понов тип, тоа не е проблем, туку предност, зашто во иднина, машинските техничари ќе можат подобро да се снајдат на модерните машини кои се сî повеќе автоматизирани.    

Loading