РАБОТНИ СРЕДБИ НА ДИРЕКТОРИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Да се фати чекор со современите европски трендови и успешно да се одговори на реформите во воспитно-образовниот процес, како и работењето и раководењето во училиштата, директорите на петте средни училишта предводени од раководителот на одделението за образование Марјан Матракоски секоја седмица организираат работни средби. Целта е од прва рака да се детектираат евентуални потешкотии и слабости со кои би се соочиле училиштата и навремено да се реагира за нивно отстранување.

Поучени од добрите практики на колегите, преку размена на искуствата и контакти, со меѓусебно координирање и консултации, преку заедничка соработка и несебична помош, директорите создаваат сî поздрави училишни амбиенти, од кои ќе произлезат успешни генерации. Резултатите се видливи уште сега, како што се успешно спроведените екстерни тестирања на матурантите. Работите тука не застануваат. 

Плод на средбите се подобрените услови. Во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” донирана е интерактивна “бела табла”, обновени се дрвените подови, наставничката канцеларија и санитарниот јазол, бојадисани се ходниците, канцелариите и училниците, а во тек е градба на спортската сала од мал тип. Учениците се задоволни што постепено се менува ликот на училиштето. 

Loading