Во ОУ “Рампо Левката” се одржа трибина на тема “Заедно сме посилни. Да ги заштитиме децата од дрога”, во соработка со полициската станица. Целта беше учениците од 8-те одделенија и нивните родители, да го подигнат степенот на информираност и едукација за дрогата, опасностите кои ги демнат младите од ова зло на денешницата, видовите дроги и последиците од нив по здравјето и животот. Предавачи беа Дејан Ангелески – виш инспектор за превенција и Билјана Мантароска – инспектор за недозволена трговија со дрога.