СТАВЕН ТЕМЕЛ НА АВЕНИЈАТА

Почна првата фаза од градбата на булеварот “Александар Македонски” во должина од 800 метри на влезот во градот од бензиската пумпа “Лук оил” до пумпата Мак Петрол. Авенискиот влез ќе има по две коловозни ленти од двете страни, а на средината зеленило и штедливо осветлување. Предвидени се и велосипедски и пешачки патеки. Градбата треба да заврши до пролет.

Втората фаза од 1200 метри ќе продолжи со градбата од бензинската пумпа на Мак петрол до крстосницата Солидност.

Проектот во првата фаза чини 30 милиони денари. Тоа се пари од поволен кредит со ниска камата што го зема општината од Светската банка. Враќањето е поврзано со неколкугодишен грејс период, а последната рата за исплата доаѓа во 2020 година. Позајмувањето за инфраструктурни зафати го гарантира Министерството за финансии.

– Да се гради значи да се создава ново, да се подобри животот. Ги поддржуваме сите крупни инфраструктурни зафати во Прилеп. Со новиот авениски влез, продолжува подобрувањето на условите за жителите, стопанствениците, на сите кои ги користат сообраќајниците. Се надоврзуваме на проектите реализирани минативе години – нагласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. 

Да се гради е потребна визија, креативност и реализација.  

– Тој спој го има во Прилеп. Затоа има разбирање во Владата и секогаш ќе даваме финансиска поддршка на општината. Не може да нема за патишта, нови игралишта, водоводи и канализации. Ќе има средства за секоја визија на градот –  рече Ставревски. 

Според него, уште побитно е креирањето на услови за работни места. 

– Важно е да се негуваат партнерски односи со бизнис заедницата, инфраструктурни услови за идеите на бизнисмените да инвестираат и да отворат нови работни места. Се реализира значајните – индустриската зона “Прилеп 1”. Ќе има втора и трета фаза. Не само 20, туку сто локации, а илјадници прилепчани ќе најдат работа. Тоа се очекува со двете фабрики што ќе се отворат во Битола и Кавадарци, со 6500 работници, а ќе има работни места и за прилепчани – информира Ставрески. 

Тој најави дека нема да прекинат активностите за градба на слободните зони. 

– Круна на напорите е да донесат инвестиции. Околу 400 милиони денари се издвоени за слободните зони в година. Ќе има доволно и за сериозно почнување на слободната зона кај Алинци – истакна Ставревски. 

Градоначалникот Марјан Ристески смета дека влезот во градот е огледало и лице на една модерна урбана средина, со амбиција да се претвори во град со европски стандарди.

Loading