Волерс во обиколка на Прилеп

Американскиот амбасадор Пол Волерс беше во протоколарна посета на нашиот град. Оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески, а се прошета и низ општинската зграда. Градоначалникот Марјан Ристески, на првата официјална средба, го запозна американскиот амбасадор со работата на Општината. Чест и задоволство ми беше што нé посети господинот Волерс. Му ги презентирав проектите што ги реализираме, но и тие што ни се во план. Го информирав дека сме збратимени и со опшината Гарфилд во Њу Џерси – рече градоначалникот Ристески. Н.Е. Волерс  рече дека вторпат е во Прилеп, но овојпат како амбасадор. Дојдов да се запознаам со случувањата, да слушнам за идеите од прва рака, за проектите, за економскиот развој и за сите други прашања поврзани со градот.  Секогаш е важно да дознаваме за проблемите и потребите на граѓаните, Така ја запознаваме државата. Средбата беше многу корисна – изјави Волерс. Амбасадорот Волерс, далеку од очите на јавноста, ги посетил и Витаминка и Прилепската пиварница, а се сретна и со првите луѓе на невладината организација Центар за граѓанска иницијатива.

Loading