Пролет за бизнис зоната Металец

При крај формалности

Владата ја интензивира постапката за претворање на дел од дворот на Металец во индустриска зона. Според владините пораки до Регионалната стопанска комора, Владата ја задолжила соодветната комисија за три дена да се изјасни и документацијата да ја предаде до Управниот суд, кој ќе даде приоритет во решавањето на предметот. За забрзување на постапката, Владата ја вклучила и Управата за јавни приходи за подготвување на информација за статусот на запленетиот имот на Металец. Експертите сметаат дека овие одлуки се чекор до реализацијата на бизнис зоната Металец со неколку десетици парцели за нови инвестиции за различни бизниси, а за кои стопанствениците покажуваат огромен интерес. Локалните власти веќе го подготвија урбанистичкото решение и такаречи за кусо време потенцијаланите инвеститори ќе можат да конкурираат за бизнис парцели со комплетна инфраструктура.

Loading