Министерството за транспорт и врски огласи за продажба државно градежно земјиште наменето за бензиски пумпи кај Прилеп. Станува збор за локација која се наоѓа на магистралниот пат М5, на патниот правец Велес – Прилеп – Битола. Парцелата е со површина од 27.070 метри квадратни, а почетна цена на јавното наддавање ќе биде 300 денари по метар квадратен. Пријавите за учество на јавните наддавања може да се достават најдоцна до 12 март. Право на учество имаат физички лица и правни лица.