СДСМ ПОБАРА ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРОТ НА “ВОДОВОД…”

Заради нарушеното водоснабдување, неколку десетици членови на СДСМ протестираа пред зградата на ЈП Водовод и канализација. Претседателот на СДСМ Илија Јованоски побара граѓаните да не ги плаќаат сметките за декември и јануари, бидејќи вода не добиваат. Да се свика итна седница на Советот за водоснабдувањето, а директорот на ЈП ВиК да поднесе оставка, заради нарушеното водоснабдување – повика Јованоски од мирниот протест. Искажувајќи го револтот, тој побара и отчет од локалната власт, на чело со градоначалникот Марјан Ристески. Зошто Прилеп, покрај дадените 25 милиони денари од Владата, не го реализираше ветениот проект за изградба на нови 10 бунари, зошто и каде исчезнаа парите – праша Јованоски.

Loading