Од ефтино, поефтино во “Најефтинија”

Различен од другите како “денди стил”

Фирмата “Најефтинија”, со 15 години реноме зад себе, располага со богата конфекциска палета облека за мажи и жени во трите дуќани. Сопственикот Сашо Јованоски вели дека специфичното име дошло низ студиите во Нови Сад. Сакал да биде првин супер ефтинија, но името “зафатено” било во регистарот и се доближил со “Најефтинија”, а дуќанот го крстил “Денди”. Бев воодушевен од понудата во Нови Сад. Првите набавки конфекциски единици ги зедов од главниот град на Војводина, оти беа различни од другите. Таму имаше дискотека со име “Денди”. Според Шкотланѓаните, тоа е нивни стил на облекување во Лондон. Тоа е традиционаланата облека на шешири и фракови, за да се разликуваат од Англичаните. Така дојде името, кое некои го споредуваат со филмот “Крокодилот Данди” – објаснува Јованоски.

Постојано се надоградувале да делат од останатата трговска текстилна мрежа. Првин нуделе интересна, модерна и скапа гардероба. Како што “стареела” фирмата, се трансформирале во бренд за широка потрошувачка, каде може секој да купи, без да размислува колку пари има во џебот. При изборот,повеќето муштерии се водат од цената. Затоа “најефтинија” е препознатлива по најефтиниот машки костим од 1900 денари.

– Ако муштеријата дојде без цел, може да се дотера многу необично. За на свадба може да се облечи од глава до петици за 2500 денари. И тоа добра комбинација по нашите совети. Има видни прилепчани, поранешни министри кои купуваат костими секои две недели. Одиме на варијанта да биде квалитет, а муштеријата да плати помалку, отколку за истото во ексклузивен бутук – вели Јованоски.

Нудат ниска цена за солиден квалитет на стоката. Одат со помала маржа, но со поголем број на вртења на прометот. Не се ориентирани на варијантата да биде најефтиното и најчурук. Внимаат да располагаат со сите конфекциски броеви. Прават проекција за следната сезона. Вршат порачка на стоката која пристигнува по два месеци, само со броевите кои се трошат, да немаат загуба.

Јованоски е задоволен од работењето. За него животната и бизнис филозофија е да биде скромен и чесен.

– Не се жалам. Едноставен сум, без скапи одмори, тоа што е, да се инвестира пак во фирмата. Парите ми се на последното место. Прво ми е позитивниот став. Сакам да се дружам, да не сум во депресија, да уживам во фамилијарна хармонија. Истото важи и за продавачите – да не се срами фирмата – вели тој.

Најчесто се трудат да нема плаќање на рати,ама реагираат на нелојалната конкуренција. Внимаваат да се прилагодат на новите начини на игра во трговијата за да бидат чисти пред државата и да опстојуваат.

Планираат преструктуирање исклучиво кон стоката произведена кај нас со постигнување добра цена, модели и материјали. Затоа што, спорен нив, статистиката вели дека гардеробата и обувките се на претпоследно место, од потрошувачката. Најмногу се троши за гориво, храна и цигари.

– Не е дека нема народот пари, туку ништо ново не нудиме да го привлечеме муштеријата. Треба промена, инвентивност и екипа – вели Сашо.

Second hand

За таканаречената стока second handили “втора рака”, вели дека ја пласира во едниот дуќан. Ја набавува од увозник за Балканот, кој земал стока од Данска, каде стандардот е многу висок.

– Тоа е конфекција, облека која некој веќе ја купил, а е бренд, кој го нема во Македонија по редовни цени. Станува збор за моќна фирма со долга традиција, која набавува во скапи трговски центри. Фирмите закупуваат контејнери. Муштериите купуват ново, а старото го ставаат спакувано. После облеката се разделува, се класира, за во Макоднија да дојде прва, А класа – објаснува Сашо.

Најчесто најголемите предрасуди кон секенд хендот ги прават неуките луѓе. Секенд хендот е најпродаван и најпопуларен во Барселона.

Loading