Прилеп се “сроди” со украински Чернигов

Градоначалникот Марјан Ристески и неговиот колега од украинскиот град Чернигов потпишаа спогодба за збратимување на двата града при посетата на политичко – бизнис делегацијата од Прилеп на Украина. Претседателот на регионалната стопанска комора, Симон Наумоски стави потпис на договор за соработка меѓу стопанските комори на Прилеп и Чернигов. Спогодба за соработка парафираа и претставници на економските факултети од Прилеп и украинскот град со 300 илјади жители. Извршниот директор на Комората, Ристо Најдоски вели дека бизнисмените ќе ја искористат единствената спогодба на Украина со Македонија за слободна трговија. Договорено е да се покрене иницијатива на двете држави за меѓусебно признавање на сертификатите за фито и санитарна инспекција. Се очекува конфекцијата Кули да воспостави соработка за набавка на текстилни материјали за производството и да стане претставник за материјалите на Балканот. Домашните бизнисмени се интересираа за белиот мермер на Мермерскиот комбинат, не само за својот пазар, туку и за Молдавија, Казахстан и Азербеџан. На Витаминка í се отвара можности за воспоставување соработка со договорот за слободна трговија. Деловните луѓе од Чернигов покажаа подготвеност да купуваат тутун од ориентален тип и побарале мостри за проби – вели Најдоски. Делегација ја оствари средбата во соработка со амбасадата на Македонија во Украина и Министерството за надворешни работи.

Loading