Ловни пушки и реденици кај Пантуш

Раскошна опрема за риболовци

Десетина години постои продавницата за спортско и друго оружје и за риболовна опрема, крстена по семејниот прекар на Мартин Ангелески – Пантуш. Иницијатор за формирање на фирмата бил таткото Петре. Го наредиле дуќанот тк-м-тк со палета на оружје – од воздушен пиштол, пушки, потоа сигнални пиштоли, а за ловџиите, покрај муницијата, нудат едноцевни пушки (тек), полуавтомаски, карабини, кои исфрлаат едно зрно од жлебен цевки. Имаат и пушки со нежлебена цевка, од која излегуваат ситни зрна. Карабините се полуавтоматски или репетирачки со магацин. Кај Пантуш се најдува и лак – самострел. Нудат и опрема за ловците. Велат дека бизнисот е подзастанат, оти е завршена концесијата на ловното друштво, а сега е време за лов. Затоа се лови само штетен дивеч . Оценуваат дека е многу комплицирана процедурата да се дојде до оружје и муниција. Затоа опаднат им е бизнисот. Набавката на оружје е поврзана со законска процедура, која е полесна во други земји. Да порасне проажбата, предлагаат олеснување, според туѓи искуства. Инаку, “трнлив” е лоџискиот пат. Да се задоволи страста за лов потребно одобрение за набавка на оружје од МВР, поврзано со ловечки испит, со документ дека ловецот не е осудуван и лекари да не му ја одзеле деловната способност на ловџијата. Потребно е и членство во ловно друштво. Постариот Ангелески вели дека не може секој да се занимава со промет со оружје, оти првостепена е љубовта. Ако нешто се сака, нужно е да се познава. Така е и со ловот. Муштериите бараат стручност. Некои не знаат каква муниција им е потребна. Затоа им препорачуваме – вели Петре. Ловот има сезонски карактер. Лете е ловостој. Сезоната се отвора од 11 октомври со лов на птици, после на зајаци, и на крајот завршува со диви свињи. Се “тренира” на потполошки, макар што е уметност да се убие оваа мала птица со ситна сачма. “Загревањето” доаѓа со зајаците и еребиците, за да ја покажат умешноста во ловот на дивите свињи. Најбарани се ловните пушки. Располагаме со пушки од 12 илјади до над 90 илјади денари. Најквалитетни се марките Винчестер, Бенели, Браунинг. Различи видови муниција е дел од асортиманот. Тука се ловечките ножеви, облеката и обувките за ловџиите, дури и снајпери. Имаме галантерија на пушки и средства за одржување и чистење – објаснува Ангелески. Риболовот е забранет, оти уште нема концесионер на водените текови. Пасионираните риболовци не се лишени за избор. Тежат-лежат десетиците различни видови, прачки, машинки, конци, јадици, пливки и друга опрема. Не бегаат од “водите”, бидејќи биле специјалицирани за риболовна опрема пред да го “тргнат ловниот бизнис”.

Пиротехника за свадби

Располагаат со пиротехника за огномети, за забави, за свадби, родендени, крштевки, славја и други семејни и компаниски свечености. Не може да купи пиротехника, човек под 18 години. Пантуш е одговорен за постапката. “Палењето на небото” во ноќните часови со пиротехнката е поврзано со претходни пријави во полицијата – вели Ангелески.

Гасни пиштоли со лична карта

Пантуш нуди и неколу видови гасни пиштоли, кои можат да ги поседуваат сите граѓаните само со лична карта. Пиштолот произведува само звучна сигнализација. Неопасен е. Од цевката не излегува зрно, туку произведува само силен глас. Не предизвикува штета или нешто посериозно. Корисен е за заштита на семејствата, да се предупрпреди арамијата. Тој ќе се исплашил и ќе побегни, ако чуе репетирање на пиштол – вели Петре Ангеески. Цените се движат од три до четири илјади денари.

Loading