40 МИНУТИ КАКО ЧЕТИРИ ДЕНА НА МОРЕ

Во солената соба на “Рамјана натурал”

Антибиотиците, инјекциите, скапите лекови, дури и некои хируршки зафати се избегнуваат со престој во “солената соба” која е дел од фирмата Рамајана натурал, управувана од Цене Трајкоска, а со основачки влог и стручна помош на специјалистот Благоја Ѓорѓиески, познат физијатар и професор по јога. Во релаксирачки амбиент кој наликува на бел замок од бајките, сочинет од над шест тони сол и со посебен систем на вентилација и музика, може да се подобри здравјето и да се дејствува превентивно. Третманот дава смирувачко дејство, подобрување на функцијата на дишните патишта, циркулацијата. Препорачливо е за деца и возрасни со астма, синуси, бронхит и други воспалителни процеси, алергиски заболувања, псоријаза, за релаксирање односно се подобрува сонот, за депресивни болни и психолошки состојби. Или 40 минути престој е замена на четири дена на море, дури и среде в зимо – вели Благоја Ѓорѓиоски, физијатар и професор по јога. Суштината на солената соба е вдишување на сол, која е ситно гранулирана и влегува во организмот за подобрување на метаболизмот и за отстранување на отпадните материи. Прават релакс и други видови масажи и детоксикација, односно остранување на штетни материи од организмот. Изработуваат и Велнес анализа, преку која се утврдува секоја дисфункционалност на организмот – на црн дроб, на срце, бубрези… Вршат и анализа на витаминско минарален статус, со кои се добиваат резултати за подобрување на состојбата кај болните и превентивно да се делува кај оние кои добро се чувствуваат. Планираат други дијагностички и терапевтски методи на природен начин. Корисниците исполнети со енергија, излегуват од просторијата. Ефектите се гледаат по неколку третмани. Уште се вложува, но целта не им е профитот, туку поттикнување на населението на здрав начин на живеење.

Loading