Извоз на мозок за Шведска

Таникс

Фирмата Таникс на Наум Танески, дипломиран електротехнички инженер, извезува процесна опрема која главно е софтвер или ум и електронски елементи за рационализација на потрошувачката на струја. Тоа се интегрирани уреди, системи, создадени на принципот на топлотни пумпи. За еден вложен киловат во струја, се добиваат три и повеќе киловата гратис енергија. Таникс нуди решенија за автоматизација на индустриските постројки. Дури и за аграрот. Голема свињарска фарма од Велес бара технички решенија за надминување на тешкотиите и слабостите во производството на месо. Бизнисот е перспективен, со поскапувањето на енергијата. Вложувањата се релативно скапи, но исплатливи на подолг рок. Наум Танески вели дека изработуваат системи за процесно управување по нарачка или по мерка. Фирмите бараат решавање на технички проблем во процесот за автоматизација или да му се изработи систем според потребите. Не се користат стандардни уреди кои се купуваат и се вградуваат. Тоа е комплетен инженеринг – мерењето, софтверот, изработката на електрониката. Сето тоа се интегрира да резултира решение по системот “клуч на рака”. Оти го нема да се купи во продавница, туку се подготвува според постојните услови кај клиентот – вели Танески. Системи вградиле во прехранбената индустрија на наши фирми. Работиме заштеда на енергија за Шведска. Се применува автоматиката на топлинските пумпи. Актуелно е за Европа. Има широко поле на интерес, оти е скапа енергијата. Таму привлекува сé што придонесува заштеда и за неколку проценти, а се штедат десетици проценти. Се ориентираме на комбинирано искористување на соларните панели, заедно со топлинските пумпи. Се ползува неискористенот дел од енергијата. Или сонцето да не “грее” само за санитарна топла вода, туку да се акумулира енергијата, па да се преземе со топлинските пумпи. Значи, сонцето се користи и кога го нема доволно, а системот е поефикасен. Според Швеѓаните, резулатите се одлични – објаснува Танески. Кај нас ефикасноста може да биде неколкупати повисока, поради географските и климатските предности, а користењето на електричната енергија се рационализира до коефициент на корисно дејство до 4. Системот е надградлив на постоен систем на централно греење, а ефектите кај домаќинствата се највисоки со подно греење.

Loading