Месарница Боеми
Чисто, небаре солза, без никави миризби и со модерна опрема е месарницата Боеми која го нуди најквалитетното и најсвежо месо во градов. Месо како роза, бендеме, се “смее” од стаклените витрини во росфрајтните садови. Тешко се оддолева да не земе од богатата и квалитетна понуда. Привлекуваат домашните колбаси, саламурениот стек, амурот за скара, ребрата, свежото телешко и свинско месо. Сето е под конец, по хасап систем, со беспрекорна хигиена и квалитетна понуда и услуга. Сопственикот Круме Алексоски горд е на она што го направил. Месарницата Боеми вели дека е плод на љубовта кон угостителството, на месарскиот, односно скараџискиот ген кој се негувал со години во семејството и на желбата за проширување на бизнисот со продажба на месо и месни производи. Татко ми, познат како Ице скараџијата, е единствен “лесковачки” скараџија во Прилеп. На времето, Влајко од Лесковац ја “донел” скарата во Прилеп, а неговиот син му станал на татко ми зет, односно ја зел тетка ми за жена. Така, татко ми пошол во Лесковац да учи занает. Кога се вратил работел во кујната на Пелагонија турист, на езеро, на автобуска. Во 1994 г. започнавме приватно. Бевме ортаци три години со Гоце Мантата во ресторанот “Паркинг” на плочникот. Во Марко Цепенков бев ортак со Томче и познат беше ресторанот “Крумче – Томче”. Веќе 17 години работиме угостителство. Љубовта кон храната е постојана. Од тоа излезе и месарницата. Идејата беше месарницата да биде достапна за секој муштерија да купи квалитетна стока со гаранција, Продолжуваме во тој стил – вели Круме Алексоски. Препознатливи се по домашните колбаси по сопствен рецепт, стек во саламура, амурот за скара, одбраното свинско и телешко месо. Во сите производи има по нешто од рецептот од Лесковац, пренесен ген со генерации, тајната на занаетот. Кој не пробал, да проба да се увери. Ресторанот и месарницата се мост на соработка, поврзаност. Комплетно сум посветен на месарницата со цел да стекнам доверба кај муштериите дека месото е како што треба да биде – објаснува Алексоски. Предност за месарницата Боеми е што се наоѓа на улица, па така муштериите на минување, со застанување, во секое време може да испазарат квалитетно месо.
Инвестиција за иднина
Околу три ипол месеци минале додека просторот од сервисна работилница на улица Марксова, се прилагодил и комплетно се подготвил во современа месарница по хасап системот. Ова е резултат на ентузијазам, голема желба за успех и напредок, сигурност е тоа што го нудам. Нема импровизација и затоа инвестирав многу. Го оправдувам хасап системот затоа што муштеријата гледа убаво, педантно место за продажба со културен и љубезен пречек со прифатливи цени. Мислам дека тоа е основа за понатамошен просперитет – вели сопственикот Борче Алексоски.