РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

ЈКП Водовод и канализација

Екипи од ЈКП Водовод и канализација (ВИК) ја реконструираат водоводната мрежа на ул “Ердован Шабаноски” во должина од 2,5 километри со 55 приклучоци да се подобри водоснабдувањето. Зафатот изнесува околу три милиони денари на ВИК. Со средства од КФВ банката се преповрзува од старата на новата водоводна мрежа на улиците “Толе Паша”, “Маркови Кули” и “Беровска”. Се дислоцира потисниот цевковод од малиот до стариот варошки резервоар – вели Сашо Николоски, директорот на ВИК. На улиците “Нил Амстронг” и “Џгуре” се поставуваат цевки од лиено железо и со поголема цврстина и со поголем дијаметар, бидејќи површината е карпеста. Сменет е дел од канализациската мрежа. Кон крајот на месецот се предвидува асфалтирање на двете улици. За досегашните зафати од ВИК инвестирале околу два милиони денари. Се реконструира мрежата од два километри со 240 приклучоци во населбата над ОУ “Гоце Делчев”. Предвидено е на дел од улицата да се направи и реконструкција на канализациската мрежа. Напролет ќе се асфалта улицата.

Доволно вода за тутунот

Водата во вештачкото езеро е на минимум. На тутунарите им се на располагање уште еден милион кубни метри вода, од пролетните шест милиони. Од водостопанството Прилепско поле велат дека вода има доволно до крајот на сезоната, ако рационално се користатат расположливите количества. Службите на водостопанството откриле многу диви приклучоци. Арамиите на вода ќе се соочат со високи парични казни од 100 до 200 илјади денари.

Со бунари против жедта

За подобрување на водоснабдувањето, ЈП Водовод и канализација ги активира бунарските постројки. Во мрежата се вклучени пет бунарски системи за ублажување на жедта на повисоките населби, кои немаат доволно вода. Бунарите се во фунција, оти опаѓа дарежливоста на изворот Студенчица, од каде градот се снабдува со вода. Квалитетот на бунарската вода е висок и проверен. Со дополнителните количества ќе се обезбеди водоснабдувањето на населбите, каде се појавува недостиг – изјави директорот Саше Николоски. Прилеп добива од 220 до 250 литри во секунда од Студенчица. Тоа е недоволно за зголемените потреби. Времето не е оправдување за енормната потрошувачка од околу 450 литри вода во секунда. Се наводнува, се освежуваат дворови, се мијат улици и возила. Апелирам на совесно и крајно внимателно користење на водата, исклучиво за основните потреби – вели Николоски. Од ЈП велат дека дарежливоста на изворот Студенчица опаѓа забрзано последиот месец.

Loading