Хармонија пром
Бизнисот стана сезонски – во септември и во декември
Опаѓа бројот на фирмите, а со тоа и на побарувачката
Фирмата Хармонија пром на Кирил Попоски, која се занимава со големопродажба на канцелариски и школски материјали, има речиси 20 годишна традиција. Сопственикот вели дека фирмата ја основал во 1992 година без некои посебни мотиви. Одлучил дека може да се најде егзистенција во таа дејност и ја поставил на здрави нозе со голем труд и напор низ годините. Последниве години тешко “вади леб”, оти се намалуваат купувачите и исчезнуваат добрите фирми, а работата станува сезонска. Главно книжарниците бараат школски материјали пред почетокот на учебната година и тоа за ситни маржи. Вториот дел од сезоната се новогодишните празници, кога дел од фирмите набавуваат рекламен материјал, запалки, календари, пенкала… Не е лесно да се опстане под прилепското небо со два месеци рабата со мала заработувачка, но се одолева на неповолната клима – вели Кире Попоски. Сопственикот на Хармонија пром објаснува дека во бизнисот со канцелариски и школски материјали влегол случајно. Без посебна намера, одбрав да тргувам со комплетни канцелариски и школски материјали. Имав братучед во Скопје, кој се интересираше и бараше канцелариски материјали. И по инерција тргнав по неговите мотиви. Сега за канцелариските потреби на фирмите продавам од “игла до авион”, од селотејп лепила, спојки, до различни видови хартии. За книжарниците за малопродажбата, за децата од школска возраст, располагам со тетратки, моливи, и сé друго што им е потребно за реализација на наставата во училиштата и на факултетите. Во деведесеттите година, отворив две книжарници, но ги затворив по неколку години – вели Попоски. Последниве години опаѓа бројот на прилепски фирми кои ги обезбедуваат потребите во Хармонија пром. Но, затао фирмата е позната надвор од градов. Доаѓаат од сите градови да купуваат, но не е како некогаш, оти добрите фирми се бројат на прсти. Се помалку фирми останаа да им се продава квалитет, а конкуренцијата го чини своето. И тоа нелојалната, со огромни разлики во цените и квалитетите, како што се битпазарските – објаснува Попоски. Тој не е баш оптимист за перспективите на големопродажбата. Не смета нути дека и производството во печатарството е интересно и толку надежно. Некогаш маржите беа поголеми, а денес не останува за покривање на трошоците со осум или десет отсто заработувачка. Засега се одржуваме во браншата – смета Попоски. Како и да е, Хармонија пром е жилав борец на пазарот, кој не се предава лесно, без отпор, и без да ги искористи сите расположливи законски методи на борба со конкуренцијата.