“ПРИПИТОМЕНИ” 300 ДИВИ КУЌИ И ФИРМИ

Со законот за легализација на дивоградбите

Законот важи до 3 септември, до кога се очекуваат уште околу 1500 кандидати за легализирање

Градските власти поделија уште 40 решенија за легализација на диво изградени објекти. Околу 300 граѓани веќе ја искористија законската можност да ги озаконат нелегалните објекти. Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека околу 4500 прилепчани поднесле документи за легализација, а надлежните служби веќе легализиарале над 300 објекти. Ги повикувама граѓаните да ја искористат историската шанса до трети септември и да поднесат документи за озаконување на дивоградбите. Она што не се завршило пред 10, 20, 30, па и 50 години сега има можност да се легализира. Со официјализирање на куќите, се отвора простор за конкурирање за кредити пред банките со легални објекти – рече Ристески, кој најави уште посилно темпо за легализација на околу шест илјади дивоградби во Прилеп. Златко Забрчанец, чекал точно 40 години да ја “припитоми” диво изградената куќа од 1971 година. Брзо се заврши постапката. Овој закон е најефикасен и во функција на слабо ситуираните граѓани – изјави Забрчанец. И неколку десетици фирми веќе ги озаконија диво изградените погони со законските можности од 3 март до 3 септември годинава.

Љ.М.

Loading