ПОТВРДА ЗА ТРЕТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ

Марјан Ристески пак во ИК на ВМРО – ДПМНЕ

Градоначалникот Марјан Ристески останува дел од највисоките партиски органи на ВМРО – ДПМНЕ. ЦК на владејачката Партија, на 30 јули го изгласа новиот Извршен комитет, кој претставува доста освежен и скусен за разлика од претходниот, а во кој и понатаму останува Ристески. Во Извршниот комитет, наместо 23, колку досега, сега се 14 членови. Функцијата генерален секретар, наместо Мартин Протуѓер, сега ќе ја врши Кирил Божиновски. Покрај Марјан Ристески, членови се Мартин Протуѓер, Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Коце Трајановски, Александар Николовски, а нови имиња се Илија Димовски, Владимир Пешевски, Никола Тодоров, Крсто Муковски и Ивица Коневски. Во ИК членуваат и претседателката на Унијата на жените, Даниела Караѓозова, претседателот на Унијата на младите сили, Диме Спасов и новиот генерален секретар Кирил Божиновски. Ристески во највисоките партиски органи е од 2003 г . Познавачите на партиските случувања, велат дека Ристески со ова практично најавува нова кандидатура за трет мандат за градоначалник, со оглед на резултатите и црвстата висока функција во партијата.

Loading