ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ФЕКАЛНИ КАНАЛИЗАЦИИ

В понеделник седница на Советот

Градскиот совет в понеделник ќе треба да изгласа неколку одлуки за утврдување избор на проекти за аплицирање за користење средства од Европска инвестициона банка. Со пари од ЕУ треба да се градат мрежите за фекална канализација во селата Големо и Мало Коњари, Мажучиште, Канатларци и Селце. Користење средства од Европска инвестициона банка ќе се бараат за потисен цевковод и за водоводна мрежа за улицата “Град Јајце” до улицата “Цане Кузманоски” во градот. Ќе се разгледаат извештаите за проценетата штета од невремето на 1 август. Осум економични светилки ќе се доделат за осветлување на пристапниот пат до манастирот “Св. Илија” во селото Дрен. Ќе бидат именувани нови членови на Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и на ЈКП “Комуналец”. Со седницата ќе претседава Благоја Дамески.

Loading