УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ СО ВРВНИ АПАРАТИ И ПРЕПАРАТИ

Студио Б – Козметичко естетички салон

Познати се и признати по успешно лекување на акни и проблематична кожа на лицето и телото

Козметичко естетичкиот салон Студио Б постои 16 години. Еден е од најпознатите салони во Македонија, во кој услугите ги уживаат и клиенти надвор од Прилеп. Тоа е плод на стручноста и квалитетот на основачите, сопружниците Благица и Боге Ристески. Всушност завршеното средно медицинско образование и неостварената желба за студиии по медицина, биле причина сопственичката Благица да се откаже од правните студии, да го отвори салонот и да се занимава со нешто што и лежи и за што има дарба, знаење и желба. Благица заврши средно медицинско училиште. Беше една од најдобрите ученички кои “излегле”. Медицината í беше неостварена желба. По иницијатива и желба на татко í, се запиша на Правниот факултет и во трета година заеднички одлучивме да ги прекине студиите, заради обврските кон децата. Ги презедовме првите чекори ви приватниот бизнис, блиску до медицината – објаснува сопругот Боге Ристески. Во козметологијата се од 1995 г., кога желбата ја поврзале со бизнис преку козметичкиот бренд Ахава. Со првите средби и контакти, одлучиле да отворат козметички салон. Постојано се надградувале со учество на семинари и саеми во Минхен, Белград, Загреб. Инвестиравме во надградба. Учевме од бројни врвни стручњаци. Се плаќа да се научат, да се откријат тајните на одреден препарат, начинот на работењето – вели Боге Ристески. Во Студио Б, на прво место, е квалитетот на услугата и задоволниот клиент. Познати се и признати по успешно лекување на акни и проблематична кожа на лицето и телото, биолошки третмани и лифтинзи за разубавување, најсовремена депилација, анти-целулитен третман. Нудат професионална шминка со врвни препарати и одржувачи и естетско обликување на веѓи. Вршат маникир и педикир, рачна масажа. Располагаат со турбо солариум. Нема импровизации во козметологијата. Мора стручно да се познава проблемот и стручно да се сработи. Има ред и познавање за да има успех и задоволни клиенти. Сопругот Боге е главна поддршка. Задолжена сум за стручниот дел, а сé друго успешно да функционира, задолжен е сопругот – набавување препарати и подготовка за примена во козметичкиот салон… Одлуките ги носиме заедно, што да воведеме, од каде да се набави… Секогаш водиме грижа за квалитетот на апаратите и препаратите со кои работиме – вели сопственичката Благица Ристеска. Постојаното инвестираат во опрема и следење на новите препарати и апарати од светските пазари за квалитетна услуга како на понежниот пол, така и за мажите.

Loading