МЕРАКЛИСКА ОБРАБОТКА НА КАМЕН

Крип трејд

Важно е прецизното сечење на мермерот и прецизната обработка

Ентериерно уредување на идивидуални куќи, просториите на угостителски објекти и фасади на институции

Фирмата Крип трејд постои од 1994 година. По 22 години работен стаж и искуството во Мермерскиот комбинат, сопственикот Радомир Трајкоски решил да го вади лебот во приватна компанија. Работел во преработка, а одлучувачки за приватната иницијатива било што ја насетил потребата на пазарот од вистински мајстори за скротување и обликување на белиот и обоениот мермер. Имаше малку мајстори за обработка на камен. Работеа и приватно и државно. Но, под една мишка не се носат две лубеници и го напуштив комбинатот да почнам сопствен бизнис, најнапред со сопругата, а потоа се вклучија и синот и ќерката, кои сега се главни идејни креатори и ги носат модерните решенија за ентериерното уредување со користење на образованието, компјутерите и интернетот. На пример, благодарение на комуникацијата преку интернет на синот, на кумановчанец кој живее и работи во Швајцарија му ја реновиравме куќата без притоа да се знаеме ниту пак се видиме – објаснува сопственикот Радомир Трајкоски. Денес фирмата има кош работа – обработка на мермер, гранит и   монтажа. Во струшко Подгорци изработиле 30 куќи. Обложуваат со украсен камен скали, кујни, бањи, салони, подови. Освен што вршат ентериерно уредување на идивидуални станбени куќи, ги уредиле и просториите на голем број угостителски објекти како хотелот Салида, ресторанот Амфора, канцелариите на Прилепската пиварница и др. Прават и мермерни фасади на институции, како Алфабанка во Тетово, Норвешката амбасада во Скопје. За успешното опстојување на фирмата не е потребно индустриско сечење, туку занаетчиско. Тоа е формулата на успехот. Се бара квалитетната обработка. Занаетчиската, мераклиската работа е нашата реклама. Материјалот треба да е прва класа, а не комерцијален камен. Кога е добар материјалот, важна е монтажата односно шминкањето, финалните работи. Важно е прецизното сечење, прецизната обработка која сега се движи кон радијална обработка. Се бара бразилскиот камен. Тој е сега хит, шведскиот камен – вели Трајкоски. Во поранешната фабрика Билјана на површина од околу 3 – 4 илјади квадратни метри се наоѓа производствениот погон, канцелариите и плацот за работа. Најчесто користат камен од Верона, Италија и Грција. Планираат проширување, но им пречи слабата финансиска поддршка на банките. Чувствуваат недостиг од професионална работна сила. Мермерскиот занает е тежот и треба да се сака. Најчесто средношколците од рударско – металушките струки имаат теоретско, но не и практично знаење. Иднината на Прилеп е во обработката на каменот, но ги сопираат некои правно административни сплетки – објаснува Трајкоски. Сега дури и италијанските фирми ја бараат прилепската компанија која е прочуена по финалната обработка.

Loading