МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРИЗНАЕМЕ ПОД УСТАВНО ИМЕ

Џон Хајд, пратеник од Австралија во посета на Прилеп

“Македонскиот народ има значаен придонес во Западна Австралија. Затоа како министер во сенка во Министерството за труд, заедно со моите колеги, работиме многу Австралија да ја признае Македонија под уставното име, како и останатите 130 држави, кои претходно го направија тој чекор”. Ова го рече Џон Хајд, пратеник од Западна Австралија, по посетата на Прилеп. Тој посочи дека како поранешен градоначалник на Винсент, со кој Прилеп е збратимен, е горд што го посетил нашиот град. Импресиониран сум од младиот организаторски тим на општината, на чело со градоначалникот. Горд сум што Винсент и Прилеп се збратимени градови. Во Винсент има силна македонска бизнис заедница која сака да инвестира. Се што видов, ќе пренесам – додаде Хајд. Пратеникот вели дека имало бизнисмени кои биле заинтересирани да инвестираат во Македонија. Западно австралијанците сакаат здрава органска храна. Имаат можност да се запознаат, пазарејќи во дел од супермаркетите во Австралија – рече пратеникот, кој е член на групата парламентарни пријатели на Македонија, на мешовитата постојана комисија за корупција и криминал и министер во сенка за култура и уметност во Западна Австралија. Градоначалникот Марјан Ристескии истакна дека со Хајд размениле можности за понатамошна соработка. Како домаќини на гостинот му ги покажавме знаменитостите на градот. Има можности за соработка – рече Ристески.

Loading