ЕЛИТЕН ПРОДАЖЕН САЛОН ЗА ВРВНИ ПРОИЗВОДИ

ДЕНИ МЕБЕЛ

Impresiven objekt go dekorira gradot - Salonot na Deni mebel

Столици, душеци по германска лиценца Федер бау и каучите – крцкалки, со механизми за пуштање и за претворање во две легла се дел од палетата

Новиот грандиозен салон на 800 метри квадратни се отвори со раскошен коктел, прием на респектабилни гости и деловни партнери и спектакуларен огномет

Една од фирмите која доживува забрзан подем, секако е Дени мебел. Датира од 1993 година. Првин била ориентирана на и денес препознатливиот имиџ Дени такси. После се организирала и Дени градба. Била и уште е специјализирана фирма за поставување на гипс – картонски плочи со лиценцирана соработка со австриската фирма Кнауф. Со Австријанците создале партнерски односи уште од 1996 година, кои и денес се негуваат. Фирмата специјализирана за производство на мебел за угостителството, за хотели и ресторани, за кафетерии, барови и клубови, практично е продолжение на успешната приказна на енергичниот сопственик, кој знае да намириса бизнис и профит, Тони Златески. Дени мебел со фабриките во Прилеп и во Македонски Брод, прерасна во модерна компанија, бидејќи од “пелени” се стремела да го достигне врвот, да понуди иновации и квалитет, не вртејќи се назад, туку храбро движејќи се во сите бурни бизнис времиња. Умно, внимателно, ретко ризично, стапка по стапка, чекор по чекор, се освојуваше зрак по зрак од македнскиот, но и од поширокиот балкански пазар на мебел. Реномираната компанија кај нас, Дени мебел, не е анонимна во Грција, Србија Албанија, Косово… Располага со огромни продажни простори од салонски тип во Белград, во Охрид и во Скопје. Тие се полни со мебел за секој дел од домот, почнувајќи од столици, трпезариски маси, спални соби, душеци, легла, кревети, каучи, гарнитури за седење, канцелариски мебел, аголни кујнски гарнитури, мебел за тераси, за ресторани, хотели, градини, па дури и за јавни објекти. Комфорноста, креациите, цените и квалитетот се предимствата за изборот на Дени мебел за внатрешното опремување на секој дом. Со тенденцијата за проширување на понудата и збогатување на својот асортиманот, со огромен продажен простор, полн со сопствена продукција им се стави на располагање и на прилепчани во поранешната конфекција Солидност секој ден од 9 до 21 часот и во недела од 10 до 16 часот. Објектот кој некогаш беше руина од 3400 квадрати, Дени мебел последниве години го редизајнира овој дел од градот и му даде физиономија на атрактивна локација. Се повлече клучен потег во растот на реномираната компанија. Новиот грандиозен салон на 800 метри квадратни се отвори во амбиент на раскошен коктел, прием на респектабилни гости и деловни партнери и спектакуларен огномет. Покрај богатството ексклузивен мебел, в очи паѓаат цените на столиците од 990 денари, на најефтините душеци во земјава сработени по германска лиценца Федер бау и каучите – крцкалки, со механизми за пуштање и за претворање во две легла за 6990 денари. Салонот изгледа како најмодерните. Скроен е по архитектонски стандарди и затоа зрачи европска светлина. Дека се мислело на секој детал сведочи и примерот, што во салонот е подготвен пристап за инвалиди, а пред него на муштериите им е на располагање паркинг од илјада квадратни метри. Инаку, производството е креација на умешни дизајнери, а изработката е дело на искусни луѓе и стручнаци. Веднаш над салонот, на првиот и вториот кат се инсталирани модерните машини, од кои Дени мебел “вади” продукција која кај муштериите предизвикува воздишки. Изработката е доведена до перфекција, до ранг на уметност, од која им застанува здивот и на пребирливите естетичари. Над 30 отсто, од околу деведесетината работници, се докажани мајстори, кои го печеле занаетот по најмалку 25 години во поранешната фабрика Современ дом.

Дејан и Никола – Дени

Фирмата е крстена по првите слогови на имињата Дејан и Никола. Дејан е син на сопственикот Тони, а Никола му е внук од брат. Дени мебел води сметка и за остатоците, за спомениците во дворот во некогашната конфекција Солидност. Бистата на првоборецот Сотка Георгиески – Сотче е изчистена и дотерана. Поставена е на нов постамент на еден дел од паркингот на новиот салон.

Loading