МАКЕДОНИЈА КАКО ТАЏИКИСТАН

Светлана Солодовникова, сликар од Русија, учесник на колонијата на ЦСЛУ

“Македонија ме потсетува на мојата родна земја Таџикистан. Имаат многу сличности. Се чувствувам како дома – комфорно и удобно”. Вака вели Светлана Солодовникова, сликар од Москва, која твори на 54 сликарска колонија на ЦСЛУ. Во Македонија била трипати на колонии, а во Прилеп í е првпат. Ми се допадна градот. Го почувствував многу силно. Има некоја привлечна енергија. Интересен е во секој поглед. Цели семејства, родители со деца, баби и дедовци се шетаат, се дружат на вечер. Сите се радосни. Доста гостопримливи сте – вели Светлана. Ја пленила прилепската природа. Природата е многу убава. Кога го видов манастирот Св. Арахангел Михаил посакав да го насликам. Побарав благослов од монахињите, оти кај нас во Русија таков е обичајот. Станав утрото и го насликав. Сакам интересни предели. Сликам и мртва природа – додава сликарката. Солодовникова завршила уметничка школа – графички факултет на Московскиот педагошки универзитет. Слика пејзажи кои се одликуваат со спокоен цветен тон. Во нејзините дела има многу детали, доста смело насликани. Имала повеќе изложби во Русија. Претседател е на Сојузот на уметници “Соло”.

Loading