КУД “МОМИНОК” ВО БУКУРЕШТ

Членовите на КУД “Моминок” заиграа македонско оро среде Букурешт. Во вистинско светло го претставија раскошот на нашиот фолклор на Интернационалниот фестивал за фолклор, музика и традиција во Букурешт, Романија. Трипати изигравме сплет ора од Македонија. Добивме многу аплаузи. Бевме единствено друштво од Македонија. Го претставивме нашиот фолклор и традиција. Учествуваа друштва од земјата домаќин, од Србија, Бугарија, Турција, Грција. Беше убава можност за контакти за соработка – вели Пеце Радески, претседател на друштвото. Младите играорци велат оти биле горди додека под македонското знаме ги играле познатите македонски ора. Од друштвото најавуваат гостувања во Хрватска, Србија и Турција.

Loading