ВЕЖБИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ И МУСКУЛНА МАСА

“Енерџифит” во чекор со западните трендови

Најстариот корисник на спа – центарот е 72 годишен прилепчанец

Освен млади за мускули, се вежба против кардиоваскуларни проблеми

Диме, Оливера и Филип Димески се сопствениците на фирмата “Енерџифит”. Приорит се часови по фитнес и боди билдинг. Корисниците имаат на располагање и сауна, солариум и клуб за масажа, што “Енерџифит” го прават современ спа – центар. Функционираат од ноември 2002 .Тенденција им е постојано проширување, како просторно, со освременување со нови машини за вежбање. Идејата се роди пред 9 години, сакајќи да ја оттргнеме младината од пороците и кафеаните. Добро е негативната енергија да ја празни во фитнес центрите. Децата во пубертет треба да вежбаат било која спортска дисциплина да не бидат нервозни – вели Оливера.

Внимателно со почетниците

Освен модерни машини, корисниците можат да ползуваат совети и консултациите од професионални подучувачи, односно професори по фискултура кои знаат како најдобро се вежба.

– Првин сите се лаици, но околу нив се грижат тренерите. Најважно е на почеток да се научат правилно вежбите и дишењето за да можат за да работат самостојно. И да се избегнат повреди и несакани искривувања – објаснува Оливера. Во “Енерџифит”, лоцирано кај Шарена Чешма, може да има и 60 корисници, односно на секоја справа по еден. Нема ограничено време на тренинг. Најчесто се вежба од еден до два часа. Но, во “Енерџифит” корисниците наоѓаат и дружење, разонода со кафе паузи.

Витка става и мускули

Откриваат дека најстариот корисник е 72 годишен прилепчанец. Освен младите, повозрасни доаѓаат на кардиоваскуларни вежби. Доаѓаат возрасни со проблеми со срцето и крвниот притисок. Уште по првиот месец, на контролата, резулататите се видливи и продолжуваат со вежбање. Има клиенти за изградба на мускули. Други сметнуваат вишок килограми. Женските доаѓаат да ја намалат телесната тежина. Има и девојки кои сакаат да билдаат мускули, но не со големи тежини, туку сакаат внимателно да се обликуваат. Примери има на драстично слабеење со вежби од неколку месеци. Создаваат сосема нова линија – вели Оливера. Чувствуваат потреба за просторно проширување. Вомеѓувреме набавиле 12-13 машини од Германија да го држат европскиот чекор. Следиме новитети. Тренд е кардиофитнесот. Во овој бизнис потребни се големи вложувања. Бевме во Германија на саем и тоа што го видовме е далеку од Македонија. Имаше над 100 фирми на штандовите и исто толку со препарати – суплементи за фитнес и боди билдинг – вели Диме Димески. За трипати неделна посета за жени чини 500 денари месечно, а 600 денари секој ден, а за мажите е 100 денари, повисока цената.

ДОДАТОК НА ШЕЌЕРИ – ВНИМАТЕЛНО СО МАСТИТЕ

“Енерџифит” советува внимателност при консумирањето храна. По тренингот, се надомесуваат јагленохидратите за 2 часа да се надополни гликемичниот индекс во црниот џигер, да се обноват шеќерите за вежбачот да има пак енергија. Потребни се 6-8 грама на килограм телесна тежина или 1 грам на килограм телесна тежина протеини, а масти 1 – до 1,5 грам, ако се сака да се остане во иста килажа. За маса, потребен е раст на внесот на јагленохидрати и протеини, а да се намалат мастите, да не се таложат. Со пилатес вежбите и аеробикот се добива поголема виталност, особено за женскиот организам, кој е предодреден на дебелеење – објаснува Филип, кој е студент на Факултетот за физичка култура.

Loading