И ТОМОС, И ИЗВОЗ

Канонада

Ги нудат сите резервни делови за велосипеди, моторчиња…

Производство и извоз на делови за моторцикли, пластични спојки…

Браќата Славчо и Зоран Мирчески, сопственици на фирмата Канонада, ја знаат душата на Томос моторчињата. Не само што се експерти за велоспипеди и за програмата ТОМОС, тие се мајстори и во бизнисот со водни пумпи, гумички, полуспојници, а произведуваат дури и штипки за алишта. Да, за извоз. Фирмата успешно работи од 1992 година. Ориентација им се трговијата, но умешни се и во производството на резервни делови во сопствениот погон. Продукцијата има муштерии главно во странство. Махери се за трговија со делови за мотори, велосипеди, мотокултиватори, за скутери, моторни пили. Имаат дуќан во старата чаршија. Канонада е претпријатие за производство и трговија кое, освен што се занимава со производство на делови од програмата на “Томос”, нуди и делови за пумпи за наводнување. Изработуваме и рачка за гас, комплет со гумена рачка, рачка за кумплунг и кочница, гумени навлаки, плехови за водна пумпа “Томос” за стар и нов тип, ротор (перка) за водна пумпа, затворач за резервоар за водна пумпа, мембрана за левак водна пумпа, заптивни гумички, капачки за резервоар за АПН 6 итн. – велат браќата Славчо и Зоран. Меѓу продукцијата се и штипките и колца за мебел. Имале проект за равој, но не успеале да го реализираат во Министерството за образование и наука. Не добиле поддршка од 10 500 евра. Половината од производството го тераат за извоз. Со оглед на ограничената куповна моќ на граѓаните, не планираат да се шират со производствената палета. Пласираат во Србија каде се поконкуретни со цените. Изработуваме сé од пластика и гума, дури и некој ако ни донесе модел можеме да го изработиме. Имаме дури увезено и машини за федери, но засега не ги вклучуваме во погон. Располагаме и машини од Словенија, но не можеме да стартуваме. И Кина сега не е ефтина, тука е шпедицијата, транспортот, царината – велат Мирчески. Објаснуваат дека во работењето има многу трошоци, а потоа останува проблемот со продажба. Признаваат дека работат макотрпно, без помош, дури немаат соодветно финансиско следење ниту од банките. Не форсираат проширувања. Се движат умерено, но сигурно.

Loading