СОНЦЕТО В БОЈЛЕР ЗА 560 ЕВРА

Ефикасна експлоатација на сонцето со Франц Солар

Хит во светот се новите сончеви колектори кои се поефтини, загреваат повеќе и побрзо вода, дури само на светлина зиме

 

Последниов период, хит кај домаќинствата се колекторите. Особено инсталациите на колекторите од фирмата Франц Солар. Загревањето вода за капење без струја, со колектор за експлоатација на сончевата енергија, бојлер од 150 литри и придружна техника со монтажа чини околу 560 евра. Сопствениците на фирмата Зоран Трајкоски и Роберт Цветаноски гарантираат дека водата, загреана преку нивните колектори може да зоврие во бојлерот, а инвестицијата чини релативно ефтино.

Бадијала топла вода

Партнерите во Франц Солар “ги откриле” новите ефикасни системи во странство. Веќе ги инсталираат во земјава. За две-три години поставиле над 300 колектори, а граѓаните се задоволни, оти располагаат со бесплатно загреана вода, заштедувајќи не мали пари за струја. Велат дека системот функционира и зиме, само при светлина. Проверено им било дека на светлина и температура од минус 15 степени, се создава топла вода за капење. Сме поставиле и во индустриски објекти каде се користат големи количества топла вода. Како илустрација, лете може да се загрее бојлер од 150 литри трипати,а не се потрошил ниту киловат струја, оти нема пумпа. За кусо време, се загрева водата, колку повеќе што се троши. Можно е бојлерот и да зоврие, ако температурата е висока, но системот е безбеден. Располагаме со сертификат дека системот не мрзни и до минус 40 степени. – велат компањоните Трајкоски и Цветаноски, кои порано биле вработени на одржување на опремата во Мермерскиот комбинат.

Предимства пред класичните панели

Разликата на колекторите со двојно слојни цевки со стандардните со панели е во ефикасноста. Водата директно се загрева во вакуум цевките. Нема медиум кој ќе се загрева, а потоа тој да ја загрева како во рамните панели. Колекторите со цевки достигнуваат многу повисока температура само на светол ден. Дури можат и да зовријат на сонце. Во зависност како се наштелувани, може да држи вода до 80 степени целзиусови. Луѓе се јавуваат да прашуваат што да прават, оти водата зоврела. Системот е обезбеден и за такви случаи. Некои не сакаат да разберат и им се смееме да ги покријат дел од цевките со веленце за да не бидат сите изложени на сонце. Топлата вода може да се акумулира и не се лади ноќе. Студот зиме не пречи за греење. Гарантираме дека на ниски температури нема да замрзни и да се уништи системот, оти е заштитен, изолиран со квалитетен, росфрајт материјал. Не дај боже, ако се случи некое механичко оштетување, располагаме со резервни делови. Гаранција даваме, освен за електрониката. Одлични се досегашните искуства – велат ортаците Зоран и Роберт. Франц Солар има огромна побарувачка, но не можат да одговорат брзо, оти не располагаат со доволен број монтери. Системот може да се комбинира за помош на котел за парно греење за зимно време.

Колектори за производство на струја

Франц Солар се носат со идеја за инсталација на фотоволтаици, односно колектори, кои сончевата енергија од топлинска ја претвораат во електрична. Нема побарувања, но имаме понуда од производителот, а ние наскоро ќе ги понудиме на муштериите – велат ортаците Трајкоски и Цветаноски.

Loading