ДЕСЕТ ЛИСТИ ЗА ИЗБОР

Елена Чагороска, претседател на ОИК Прилеп

Подготвено е спроведувањето на предвремените парламентарни избори в недела на петти јуни. Елена Чагороска, претседател на ОИК, изјави дека избирачкиот список брои 67 693 гласачи. Евидентирани се помалку гласачи од 2009 година. Ќе има изјаснување на 132 места за 10 листи. Материјалот е пристигнат. Заврши и пријавувањето на болните и немоќни лица кои треба да гласаат утре, како и затворениците – објаснува Чагороска. Гласачите од помалите места со помалку од десет избирачи, ќе гласаат во најблиските места, според инструкциите од ДИК, Причините се економски, а и организираноста ќе се подобри. Сите се известени писмено за измените на избирачките места. Тројцата избирачи од Лениште ќе гласаат во АМД Прилепец, петмината од Мал Радобил и осумте од Никодин во Големо Радобил. Осуммина од Мало Рувци во Беровци. Исто толку од Прилепец во Волково, а неколкумината од Дабница и од Присад во Сушалната во Тризла. Од Кокре ќе одат на гласање во Кален, а од Вепрчани во Дуње – вели Чагороска, претседател на ОИК Прилеп. Избирачките одбори се составени од луѓе од јавната и државната администрација.

ПРИЛЕПСКИ КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

Кандидати за пратеници кои се на листите на политичките партии з од нашиот град се Марјан Ристески, Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска и Панче Дамески од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Игор Димески од СДУ, Светлана Велеска од ВМРО – НП, Јане Станкоски, Бранко Хронески, Наташа Бунтеска, Пеце Димоски, Зоран Чавкоски и Ангела Пурдеска од ЛДП и од ПОДЕМ, Владимир Караџоски.

Loading