ПОТВРДА НА ВРЕДНОСТА НА РЕФОРМИТЕ

ВМРО- ДПМНЕ

“ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е единствената политичка опција што дава отчет. Затоа на 5 јуни да поддржите сé што стои во Манифестот. Ветувам дека ќе се исполни. Ќе отвораме нови работни места, како досега”. Ова го порача Никола Груевски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на митингот. Ветувањата од Манифестот се нашиот образ за следниот мандат. Нема да мирувам, додека не се оствари планираното. Ветувам дека нема да бидат мирни ниту министрите, ниту другите функционери – рече Груевски. Тој наброи дека тутунарите добиле по 60 денари субвенции, а последниве две години за земјоделците имало 280 милиони евра, пензионерите добиле 35 проценти повисоки пензии, за 25 насто биле зголемени платите за јавната администрација, а за 30 проценти социјалната помош. Груевски побара поддршка за 62 пратеници. Прилеп не е заборавен од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Со 4,5 милиони евра буџетски пари се правеше третата лента на Плетвар, со 2, 3 милиони евра се обнови регионалниот пат Прилеп – Кривогаштани. 28 милиони денари се дадени за копање бунари, 20 милиони денари за општинската зграда. И во наредниот период ќе има нови вложувања во реконструкција на меморијалниот музеј 11 Октомври, на градскиот саат, пат до манастирите Зрзе и Трескавец, пречистителна станица – најави Груевски. На митингот зборуваа и носителот на ИЕ 4, Зоран Ставревски и кандидатот за пратеник Марјан Ристески. Се обрати и европратеникот Антонело Антинело од Европската народна партија, порачувајќи дека посакува што побрзо Македонија да ја видат во ЕУ И НАТО.

Loading