СДСМ
“На 5-ти јуни ќе биде во ваши раце судбината и иднината на вашите семејства и на државата”. Вака им се обрати на прилепчани лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборниот митинг. Според него, Владата ја презадолжила земјата. Тој побара поддршка од Прилеп, оти Македонија бара помош. Народот реши – готово е. Цела Македонија го чека петти јуни. Се победи стравот и сé е на нозе. Наместо да ве храбриме, вие не храбрите. Ако победиме во Прилеп, ќе слави цела Македонија. Живеам, да го ам македонското знаме да се вее во Брисел, пред ЕУ и НАТО – рече Црвенковски. Кандидатот за премиер Радмила Шеќеринска ги најави приоритетите на новата влада. Работни места за младите, нула данок за малите и средни претпријатија, нема данок за имот под 50 000 евра, во првите сто дена носиме закон за стечајците и државна пензија за сите над 65 години. Конечно и инвеститор за изградба на Чебрен и Галиште за заживување и на Мариово – рече Шеќеринска. Таа имаше средба со бизнис управниот одбор на Регионалната стопанска комора. Бизнис секторот реагираше на најавата на СДСМ најниската плата да изнесува девет илјади денари. Носителот на листата во четворката, Зоран Заев, вети решавање на државните фирми Тутунскиот комбинат и Еурокомпозит, откуп на целиот тутун и доплата за ланската реколта. На митингот говореа и Тито Петковски и Горан Сугарески.