ИНТЕРНЕТ МАЈСТОРИ СТАНАА ТРГОВЦИ СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Капитал 2006

Обезбедени гипс – картони за сува градба 24 часа

Располагаат со ситни материјали, потребни за секој мајстор и куќа

Двајцата браќа близнаци Златко и Влатко Миткоски, искусни познавачи на интернетот, по десетина години стопанисување со интернет клубот Инсајд, веќе пет години се преселени во трговијата со градежни материјали за сува градба и придружни елементи. Добро стојат и во бизнисот со водоводни, електро материјали, или со комплетната програма за санитарија и вградување на материјали во куќи во скромниот објект кај автобуската станица. Велат дека има перспектива, но тесно им е во дуќанот. Не се жалаат од времето за правење профит. Макар што времињата се променети и се потребни поголеми напори за иста заработувачка во споредба со периодот кога дебитирале на пазарот. Немавме посебна идеја,кога заминавме од бизнисот со интернетот. Имавме познати претставници на фирми за материјали за градежништвото, главно за сувата градба – гипс картони и придружни материјали. Тие имаа доверба и носеа материјали со плаќање на почек. Така, успеавме да завртиме средства и постепено да го прошируваме асортиманот на понуда со секакви материјали за градежништвото – велат браќата Миткоски. Сметаат дека граѓаните, колку и да им недостасуваат средства, сепак, нужно е дома да дотеруваат, обновуваат, поправаат, бојадисуваат, па и да се подновуваат, но и да градат. Зашто се расипуваат елементи, попуштаат делови, се истрошуваат материјалите. Лете, гастербајтерите го раздвижуваат пазарот со набавките за градбите на куќите. Има простор за поголеми зафати – оптимистички се настроени Златко и Влатко. Двајцата браќа, како еден, се носат со идеи за проширување на бизнисот во поголеми димензии, со преземање на промет на сé попознати производители на материјали, но просторниот проблем не им дозволува да ги реализираат визиите. Не губат надеж, оти сепак се млади и очекуваат брзо решение кое не сакаат да го откријат. Како и да е, Миткоски и фирмата Капитал 2006 се типичен пример, како во овие неизвесни времиња, трудољубивоста и чесноста сепак има коњуктура, а муштериите умеат тоа да го препознаат и од силната конкуренција да ги изберат токму највредните и најкоректните. Впрочем, Миткоски се пример, како со макотрпна работа може да се “вади скормен леб”, да не се биде на товар на државата или на родителот.

Loading