РАКУВАЊА НА СТАВРЕВСКИ И ЗАЕВ

Зоран Ставревски, носителот на кандидатската листа на И.Е. 4 на ВМРО – ДПМНЕ, изјави дека постојано е присутен меѓу бизнисмените и граѓаните, одговарајќи на новинарско прашање дали е злоупотребена министерската функцијата во кампањата со сечење панделки и ставање темелници. Изборна кампања е. Логично е и власта, и опозицијата да се на терен. Постојано сум присутен меѓу бизнисмените, меѓу граѓаните. Секогаш кога има инвестиции, кога има отворање работни места, кога се ангажираат домашни фирми – изјави Ставревски. Носителот на кандидатската листа за пратеници во И.Е. 4 на СДСМ Зоран Заев размени куртоазни поздрави со ривалот од ВМРО – ДПМНЕ Ставревски и неговиот колега, градоначалникот Марјан Ристески, при прошетката низ градот. Заев порача да не се блокираат државни служби со изборната кампања, додека активистите на ВМРО – ДПМНЕ изведуваа пародија за аферата Глобал во Струмица. Ставревски имал деловен појадок со триесетина прилепски бизнисмени. Дознаваме дека и кандидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пројавил интерес за средба со бизнис секторот.

Loading