ДЕМОКРАТСКА ДЕСНИЦА ВО СТАРОТО ЈАТО

Над 600 членови и основачи на Демократската десница, (ДС) кои главно беа членови на ВМРО – ДПМНЕ, се повлекоа од партијата во знак на незадоволство од игнорантскиот однос на претседателот Филип Петровски и се вратија кај матицата – ВМРО – ДПМНЕ. Борче Макалоски, координаторот на ДС, објаснува дека главен мотив е несериозноста на неформалниот лидер. Тој и останатите основачи признаваат дека згрешиле. Затоа се вратиле во старото јато, каде наишле на љубезност, разбирање и отворени врати. Петровски ги заборави основачите и стана човек – партија, без контакт со членството. Дури беше дрзок и не се јавуваше. Се сметаше за “голем” лидер. Ги омаловажуваше моќните партии и лидери и “леташе”, се занесуваше дека ќе направел Влада – вели Макалоски. Членството дури се задолжило за привлекување симпатизери со давачки за чакал и цевки за подобрување на условите во Тризла. Се заборчивме, а ветената финансиска заднина не се појави. Не ги плати нотарските заверки. Имаат уште два – тројца членови – вели Макалоски.

Loading