НЕПОВРАТНИ ПАРИ ЗА САМОВРАБОТУВАЊА

ВМРО – ДПМНЕ најавува активни социјални мерки за вработување

ВМРО – ДПМНЕ смета дека најдобра социјална политика е отворањето на нови работни места. Укажаа дека вложиле 13, 5 милиони евра за самовработување со кредитирање и поддржале нови 4381 бизниси со вкупно 5229 вработени. Бидејќи ефектите биле видливи, ќе продолжеле со програмите за вработување. Ќе обезбедиме самовработување на нови 3750 лица со кредитирање на сопствен бизнис, со по 1300 евра по невработено лице, а до пет невработени лица по проект односно 15 илјади евра максимум по бизнис. Дополнителни 1000 нови вработувања со кредити. Трет проект е формализирање на 1250 неформални бизниси, четврт – 3750 самовработувања од идеја до бизнис со грант од 3000 евра – рече Ане Лашкоска, кандидат за пратеник. Според неа, ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи со вработување на 150 деца без родители, ќе субвенционира вработување на 400 самохрани родители, субвенционирање на 600 постари лица од 55 до 62 години на кои им престанала службата во АРМ, како и на 120 жртви на семејно насилство и вработување на 800 инвалидизирани лица. Во Прилеп преку УСАИД ќе биде отворен ЅЕС инкубатор за зголемување на способностите на невработените.

Loading