ПОКВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ

СДСМ

Приоритет на СДСМ му е раст на квалитетот на образованието. СДСМ ќе изготвела измени на законите за основно, средно и високо образование. Ова го најави претседателот на клубот на жени на СДСМ Елена Ташкоска. Ќе ја прошири мрежата на предучилишни и училишни установи со нови и реновирање на старите објекти. Ќе се растоварат децата од обемните и непотребни содржини, ќе обезбедиме компјутери, а не да стојат нефункционални. Ќе формираме центри за надарени млади и ќе обезбедиме услови за спортски, културни и уметнички манифестации за младите. Ќе поставиме флексибилно и ефикасно образование за возрасни според потребите на пазарот на трудот – рече Ташкоска. Во високото образование, СДСМ ќе формира Совет за финансирање и развој на високото образование и ќе го зголемат наставниот и научниот кадар на државните универзитети. Имаме проект за поголем буџет за образование и јакнење на системот за оценување. Ќе ги укинеме нефункционалните дисперзирани студии. Студентите ќе ги дозавршат студиите на матичните факултети – посочи Ташкоска, заедно со кандидатката за пратеник Цветанка Иванова.

Loading